Home Живот Ноне се сликаше во нејзината спална и доби интересни коментари

Ноне се сликаше во нејзината спална и доби интересни коментари

Пејаачката Ноне Неделковска е сега повлечена од музиката, но е активна на социјалните мрежи и на Инстаграм ја следат повеќе од 11 илјади луѓе.

Откако за првпат се појави во јавноста на музичкиот натпревар „Идол“, шарматната Ноне е многу интересна за јавноста. Таа публиката ја освои со својата појава, со своето пеење, песни и имиџ.

Ноне потоа градеше кариера во Македонија, снимаше песни и пееше на домашните фестивали.

Пред почетокот на пандемијата, таа се врати во родниот Велес, а претходно шест години целиоот свет беше нејзин дом, таа работеше на брод, како менаџер за продажба.

Ноне, минатата година, пред почетокот на пандемијата се врати дома, во родниот Велес. Ноне за „Црно бело“’, изјави дека додека патувала со бродот посетила 45 земји и има морска болест.

Таа сподели свое искуство од различните култури кои имала можност да ги запознае.

– Во Индија сè уште постои тој договорен брак уште додека се млади, гледам дека и го почитуваат, па не се впуштаат во некои авантури додека се на брод (има исклучоци.

А Италијанците се прави заводници и ништо не ги спречува за провод. За десет години здравје Боже се гледам со две дечиња, среќна мајка и сопруга“, рече Ноне за „Црно бело“.

– Бев на моето омилено место, на Канарските острови. Кога си одев од бродот, ситуацијата беше затегната. Дел од патниците заминаа во карантин на Тенерифе. На аеродромот немаше никакви посебни мерки за превенција, сè беше нормално.

Исто така и во Истанбул на аеродром немаше никакви превентиви ниту пак проверки. Единствено кога стигнав кај нас, вработените од пасошката носеа маски и ракавици и не прашуваа од каде патуваме.

Имаше личност која мереше температура на сите нас кои што стасавме во Македонија“, изјави Ноне за Женски Магазин на крајот на месец март минатата година.

Ноне беше во врска со Рајан, додека работеше на бродот, а потоа и со Урош од Србија, но сега не открива дали е во врска, иако споделува љубовни пораки често.

– Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема.

Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Ако имате добри мисли, тие ќе зрачат од вашето лице и секогаш ќе изгледате прекрасно“, напиша таа на Инстаграм до една фотографија на која е сликана во градник, а нејзините фанови воодушевено реагираа.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно. Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне неодамна.

Вчера, по повод Денот на вљубените, таа објави слика со балон во вид на срце и напиша: „Сакајте се секој ден“.

Но, она што привлкеува внимание е друга слика, каде пто Ноне е сликана само по горна пижама, во нејзината спална соба.

Ноне на сликата е со својот миленик кој е слично облечен како неа, и на сликата и ја открива тетоважата на ногата која ја направи пред неколку години.

За оваа провокативна слика, Ноне доби интересни коментари: „Убавица“, „Сонот си ти“, но има и ден кој вели: „Со дечкото“..

Фото: Инстаграм принсткрин- Ноне Неделковска