Home Живот По сторијата на порталот СДК, нова порака од Кристина, самохрана мајка на...

По сторијата на порталот СДК, нова порака од Кристина, самохрана мајка на 3 деца (ВИДЕО)

Пред неколку денови, порталот СДК.мк објави сторија за Кристина, самохрана мајка на три деца, која останала без единственото средство за работа, со кое вадела леб за децата. Бил украден нејзиниот трактор.

„Тракторот од дома ми го зедоа ноќе пред десетина дена. Имaше невреме, врнеше, струја немавме, портата беше заклучена со голем катанец.

Се јавив во полиција, дојдоа по извесно време и зедоа изјави. Немаше траги од тракторот кон каде бил однесен зашто цела вечер врнеше“, рече тогаш Бошкоска.

Кристина во Македонија дошла пред 14 години како невеста од Лежа, Албанија, за да основа семејство. Имала добар брак, родила три деца, го научила македонскиот јазик и станала земјоделка и научила да вози. трактор.

По упокојувањето на сопругот останала сама да се грижи за семејството. Прво живееле во село Балинци, валандовско, а сега во Небрегово, прилепско.

„Немам никој свој тука да ми помогне освен деца. Цело мое семејство од кое потекнувам е во странство. Сама живеам со моите чеда.

Работејќи со тракторот ги прехранував, садев тутун. И тие ми помагаа, цело лето од ноќе на тутун одевме. Имам 15 декари земја колку да можеме да заработиме за леб“, рече таа за СДК.

СДК пред два дена објави и продолжение на сторијата, во кое известија дека освен тракторот, Кристина останала и без приколката, но и приложија сметка за секој што сака да и помогне на оваа самохрана мајка.

„Заедно со тракторот марка ИМТ-539, крадците ја однеле и приколката. Механизацијата Кристина ја користела за обработка на 15 декари ниви со тутун и така ги претхранува децата. Тракторот иако стар 14 години, го имала подновено со нови гуми и акумулатор, а го возела сама.

Неодамна ѝ ја украле и моторната пила со која преку лето сечела дрва кај семејства кои имале потреба од тоа и така дополнително заработувала.

Таа е Албанка од селата околу Лежа, која пред 14 години се омажила во Македонија, но соптугот ѝ бил инвалид и починал, па останала сама да ги одгледува децата, од кои двете девојчиња се по 14 и 12 години, а момчето осум.

Животната приказна на Кристина од Небрегово која ја објави САКАМДАКАЖАМ.МК има голем одглас. Хумани луѓе, фирми, па и претставници од амбасади во земјава се јавија за да помогнат.

За помош ја објавуваме и трансакциската сметка на Бошкоска – 210501667320536 во Тутунска банка.

Кристина во меѓувреме со изјава се огласи и во проектот „Приказна“, каде повторно ја раскажа својата тажна животна сторија:

-Многу е тешко. Често немам на децата леб да им купам. Дојдена сум од Албанија пред 14 години. Немам кој да ми помага, вели Кристина.

Семејството добива 9.000 денари семејна пензија, а Кристина вели дека дополнително сади грав и компир за да можат да се прехранат.

-Би сакала да купам половен трактор. Кога би ми помогнале хумани луѓе… Со него, јас повторно би работела земја и би вадела за храна за децата, вели Кристина.

Уште еднаш, ова е трансакциската сметка на Кристина Бошкоска во Тутунска банка – 210501667320536

Подолу, погледнете го видеото од проектот „Приказна“, со исповедта на Кристина: