Home Живот Проф. д-р Даниловски со детално објаснување за Д-Димерите

Проф. д-р Даниловски со детално објаснување за Д-Димерите

Многумина кои се соочија со пандемискиот вирус, имаат дилеми околу Д-димерите. Оние кои се под лекарски надзор, добиваат совет како да се однесуваат кога се тие вон своите гранични вредности, но оние кои се со полесни симптоми и вирусот го „прележуваат“ дома, немаат релевантна информација.

Во популарната група на социјалните мрежи „Ковид 19 искуства и совети“, Марина Бабиќ постави прашање токму околу Д-димерите. Одговор и даде нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, а ние одлучивме да ви го пренесеме, бидејќи може да им помогне на многумина:

Марина Бабиќ: “Почитувани, имам едно прашање .. сопругот и јас прележавме корона .. он само со сува кашлица, а јас со сите можни симптоми (силна главоболка, ма-чнина, болки во сите мускули, дијареја… од изолација излеговме на 9.02 .

Да напоменам дека апсолутно никакви медикаменти не користевме сем јас парацетамол кога температурата ми беше преку 38. Сега ме интересира за д-димери, што овде многу често се спомнуваат.

Јас го прашав мојот куќен доктор.. никаква кр вна слика сега, тек за 6 недели од првите симптоми ( доктор во Германија) ја контактирав мојата стара докторка во Хрватска (спремни сме да одиме таму да провериме) одговорот беше не е потребно.

Тоа се прави само на хронично болни и оние што пијат терапија за тро мбоза.. а јас баш сум исп лашена ..гледам во групава сите пишуваат за д-димери..молам ако може некое медицинско лице да одговори. Простете на долгиот пост… на сите многу здравје и Господ да не чува сите.“

Одговор од проф. д-р Драган Даниловски: Почитувана г-ѓа Бабиќ, Ќе си дозволам слобода да Ви напишам поширок одговор:

Во принцип, докторите што сте ги консултирале се во право. Д-Димерите се од интерес само кога има јасни знаци на тром-боза. Инаку, може лесно да се покачат за време на менструалниот период, во случај на опе-рација, по механичка пов-реда – па затоа не се премногу специфични како тест.

Едноставно кажано, тие укажуваат на процес на заздравување на ткивата или поправка на кр-вниот сад после оштетување.
Меѓутоа, во случајот со КОВИД-19 се согледало дека, во основа, претставува генерализиран васкулитис (воспаление на кр-вните садови).

Таа состојба повлекува и зголемена коагулабилност на кр-вта, затоа што организмот се обидува да ги репарира оштетувањата заради воспалението. Како логична последица, се покачуваат д-димерите, заради разградување на тром-бите (нормален физиолошки процес).

За очекување е после завршување на симптомите, да се повлекол и васкулитисот. Тоа се заклучува врз основа на нормализирање на лабораториските анализи (показателите на воспаление – ЦРП /Ц – реактивен протеин/, седиментација на еритроцити). Ако се тие во нормални граници, а вие немате некој од ризик-факторите набројани подолу*, не е веројатно д-димерите да се зголемени. И контрола направете после шест недели.

Но, ако ЦРП сѐ уште е покачен (дури и седиментацијата), а имате и некој од ризик-факторите, постои веројатност хиперкоагулабилноста да постои и понатаму (односно д-димерите и понатаму да се високи). Во таков случај, мудро би било да направите веднаш определување на д-димерите. Особено ако сте на возраст преку 60 години. И пијте што повеќе течности.

Инаку, во пост-ковид периодот, за што побрзо закрепнување, Ви препорачувам да се погрижите бактериската цревна флора (микробиом) да ја одржувате во добра форма. Зошто?

Затоа што функционирањето на имунолошкиот систем (покрај другото) зависи од неа. „Добрите“ цревни бактерии ќе ги подобрите со внесување на пробиотички бактерии, кои се содржат во ферментираните млечни продукти.

Дополнително внесувајте и пребиотици (растителни влакна), кои претставуваат храна за пробиотиците. Внесете ги преку ферментиран зеленчук (туршија). Идеална е киселата зелка (расолот).

Имунолошкиот систем не може да функционира оптимално ниту без одредени витамини и минерали:

-Витамин Д. Во овој дел од годината за очекување е да е во дефицит во организмот. Идеално е да се сончате. Но, може да го надоместите и преку храната. Одлични извори на витамин Д3 се рибите: лосос, скуша, харинга, сардина, туна, жолчки од јајце, печурки кои растеле на отворено (витамин Д2), кравјо млеко (обезмастеното содржи помалку).

– Витамин Ц – ќе го најдете во цитрусните овошја, но и пиперката, шипката, киви итн.

– За имунолошкиот систем потребен е и цинк. Ќе го најдете во школки (каменица, остриги), јаткасти плодови (ореви, индиски ореви, кикирики, бадеми, лешници), јајца, говедско месо, грав, леќа, леблебија.

– Селен – најмногу го има во пивскиот квасец и пченичните ‘ркулци, јаткастите плодови (бразилски орев и ореви), говедско месо, џигер, јајца, путер, соја риби (туна, бакалар и харинга), морски плодови, лук, интегрално брашно, овес, сончогледово семе.

– Витамини Б – најдобри извори се: пивски квасец, џигер, интегрални житарки, млеко, јајца, месо, риба, зелен листест зеленчук, банани, јаткасти плодови и легуминози (грав, леќа, грашок, боранија, наут, соја).

Најкратко речено, најдобро е да ја следите т.н. медитеранска диета.

Забележавте дека никаде не спомнав суплементи. Еве зошто. Сметам дека внесот на сите есенцијални хранливи материи идеално е да се обезбеди од природни извори, затоа што само така не може да се направи предо-зирање. Од друга страна, купувајќи суплементи, вие не знаете што всушност купувате.

Една студија во САД, пред неколку години, покажала дека 95 проценти од суплементите, по случаен избор одбрани за испитување на составот, воопшто не го содржат тоа што е напишано на декларацијата!

Единствено доаѓа предвид суплемент на витамин Д3 (4000IE дневно), ако не сте во состојба секојдневно да јадете риба или да се сончате. Се надевам бев од полза.