Home Живот Ава Керш проговори за Фокус: Пепи Бафтировски сакаше да биде кај што...

Ава Керш проговори за Фокус: Пепи Бафтировски сакаше да биде кај што сме ние

Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД.

Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да замине „преку големата бара “, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.

Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот.

Но, по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна и теш ката бoлecт – кан цер на белите дробови.

Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.

Пепи и Ава до последниот момент останале блиски, иако беа разделени и не живееја заедно. Последните години, како што велат неговите пријатели тој ги поминал сам, не јавувајќи се никому.

Откако му била дијагнocтицирана болеста, бил хocпитализиран, а неговите пријатели од САД преку Интернет упатија апел за да се соберат финансиски средства за тој да се врати во Македонија, што била една од неговите најголеми желби во неговите последни денови од животот.

Тој тогаш се уште живеел во Чикаго, а во писмото што тогаш кружеше на интернет, со апел за собирање на финансиска помош, пишуваше:

„Сега, кога е болен и осамен, Македонија е неговата последна желба. Помогнете ни да го вратиме Пепи во неговата татковина, во земјата од каде што потекнува. Пепи верува во добрината на нашите луѓе.

Тој се надева дека таа добрина ќе му помогне да се врати дома и таму да го мине времето што му преостанува. Се надева дека ќе се врати меѓу своите луѓе. А надежта последна yм и-pa…“

Сепак, Пепи Бафтировски не дочека последната желба да му се исполни. Никому ништо не згреши, а изгоре… Изгоре во желбата да поч ива на родната грутка земја, во својата мајка Македонија.

Почи на и беше пoгpeбан во Чикаго. Зад себе остави голем број на хитови кои и денес се слушаат: ,,Ако згрешам нека изгорам” ,,Друга љубов не сакам”, ,,Заветна” и ,,Сине мој” се само дел од неговите антологиски песни.

Неговата поранешна сопруга ава Керш, која се уште живе во Чикаго, за „Фокус“, демантираше дека последната желба на Пепи била да по чива во Македонија.

– Чувствувам празнина без него… Го изгубив мојот најголем пријател пред кого пеев, играв, се смеев, и пред кого можев да зборувам со часови, а тој да ме слуша со најголемо внимание.

Јас сум жена која го имаше целото внимание на светот. Со него се чувствував како да снимав филм во кој главната улога ја играв јас.

Празните зборови кои сега се пишуваат за нас, повеќе не дозволувам да ме вознемируваат – вели Ава за „Фокус“.

Ава изјавила дека лошите коментари и обви нувања кои ги оставаат читателите на социјалните мрежи, под објавите за наводно неисполнетата последна желба на Пепи, на почеток и паѓале тешко, но повеќе не реагирала, бидејќи ја знаела вистината.

-На некој начин, јас сум веќе навикната на се. Ова не е ништо во споредба со она што доживеав кога јавноста дозна дека ние сме заедно, со 24 години разлика во возраста. Претпоставувам, тоа е дел од музичкиот живот“, изјавила Керш.

Таа откако со Пепи се пресели во 2003 година работи во здравството, во Лојола Универзитетот, но остана активна и на тамошната сцена и учествува во популарни танцувачки шоу програми.