Home Вести Македонија Булеварко: Љубчо бил и ќе биде еден од најголемите визионери и македонски...

Булеварко: Љубчо бил и ќе биде еден од најголемите визионери и македонски патриоти – татко на нацијата

Љубчо Георгиевски е еден од најозборуваните луѓе на македонската политчка сцена, човек кој не возвраќа на ниту една навреда, туку храбро и секогаш прв ги соопштува и предвидува настаните, кои по неколку години навистина се случуваат.

За ова веќе е потврден од времето и никој не може да му го негира неговото политичко визионерство, настрана фактот дали на некого му се допаѓаат или не, неговите тези и размислувања.

Георгиевски во интервју кај Васко Ефтов во јули минатата година, изнесе многу интересни факти за неговата политичка кариера и за луѓето со кои соработувал и со кои бил противник.

-Што се однесува до основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Можам да ви кажам дека поранешното раководство на партијата, на чело со Никола Груевски со желбата мене да ме тргне од листата на основачи, фактички си наметна на партијата, дека е формирана од удба.

Зошто го велам ова. Затоа што Драган Богдановски, кого Гуевски се обиде да го прикаже како основач, кој е несомнено еден од најголемите Македонски дисиденти, има напишано преку 10 илјади страници за удба, во кои ги има опишувано контактите кои ги имал со луѓе.

Богдановски сепак нема никакви заслуги за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Јас и Борис Змејковски бевме кај него во Германија и го молевме да биде претседател на партијата која имавме план да ја основаме, но тој одби.

Подоцна, во првата предизборна кампања, тој дојде и кажа пет реченици на еден настан. За жал, толку е придонесот на Драган Богдановски, рече Георгиевски.

Георгиевски го разјасни и расколот во ВМРО-ДПМНЕ и неговата кавга со Никола Груевски, за кого потврди дека се заложил да стане претседател на партијата, односно негов наследник.

-Разидувањето со Никола стана на претседателските избори 2004 година, кога јас повикав да се бојкотираат изборите со цел Бранко да не стане Претседател, а тој одлучи да му помогне на Црвенковски и да му набилда цензус, така што во 17 часот пуштаа смс пораки до општинските комитети и членовите на партијата да излегуваат и да гласаат.

Потоа тој тргна да се пресметува со луѓето што ми беа мене лијални во извршниот комитет, па се случи „Панорама“.

Во последно време, многу често, аналитичари и политичари оддаваат признание на политиките на Љубчо Георгиевски. Еден од последните е популарниот колумнист, кој пишува под псевдонимот „Приказни од Булеварот“. Булеварко на својата страна има преку 70 илјади следбеници, а вчера му посвети статус на Георгиевски:

„Македонија денес го плаќа цехот на популизмот и лажната слика на политикантите…

Договор со Бугарија 1999 склучи Љубчо Ѓеоргиевски со Иван Костов. Необрувачки нон пејпер договор без комисии и фолиранти. Тогаш со камења го гаѓаа истите овие кои направија 10 пати полош кој е услов за наша евроинтеграција.

Тогаш Македонија беше земја лидер во евроинтеграција пред Хрватска и Бугарија. Денес преговараме за Гоце и Самоил и кмичиме пред сите граници чекајќи милостина од соседите во вид на вакцина.

Ќе потврдам. Љубчо бил и ќе биде еден од најголемите визионери и македонски патриоти. Нашиот Џорџ Орвел.

Сега е касно. Презирајте го јавно но длабоко во себе учете од него пратете ги сите негови проекции за во иднина.

Љубчо Георгиевски е мој пријател со кој прекинав комуникација заради поддршката кон СДСМ. Но стојам зад тоа дека е најголем! Татко на нацијата во вистинска смисла на зборот.

Човек кој инсталираше македонси фолк наместо турбофолк, Човек кој го дигна Миленумскиот крст како капитален објект кој ќе тежи како и Кеопсовата пирамида.

Човекот кој го врати Дојранското езеро, туризмот во тој дел на Македонија. Човекот кој почна да ги обештетува штедачите на ТАТ. Воведе државен проект ГОВОРЕТЕ МАКЕДОНСКИ и КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСИ ПРОИЗВОДИ.

Човек кој го воздигна нашиот светилник духовен Плаошник. Човек кој направи војска, армија респектабилна и војуваше со соседна земја помогната од пола свет .

И замислете…. Човек што најмногу сега ја критикува Бугарија за оваа политика кон Македонија.

Бегај Војводо од тоа дувло на расипници! Бегај!!! Поздрав од старите Комити.“