Home Естрада Елена Велевска: Се чувстувувам богато

Елена Велевска: Се чувстувувам богато

Елена Велевска неодмана отворено проговори за моменталната ситуација во која се наоѓаат музичарите, но и за тоа колку македонскиот народ е желен за музика и забава после сите лоши моменти кои ги имаше во изминатиот период поради корона вирусот.

-Публиката ми се чини дека никогаш досега не сум ја доживеала дека е толку жедна за пеење, за музика, за софра, пиење, за здравица.

Значи, народот сака песна и никој не може да ме убеди дека на народот не му е дојдено до песна.

На народот и тоа како му дојдено до песна, до олабавување, да заборави на се што се случи, а тоа сето полесно е кога ќе го пренесеме ние преку песна, ќе ги разнежниме и на тој начин многу е полесно и да си се опуштат со добро вино и убава музика, истакна Елена во интервју за ИН ТВ.

Македонската фолкерка е една од оние во која очите на јавноста се постојано вперени. Заради новите песни и видео спотовите, приватниот живот па се до секојдневните објави на социјалните мрежи.

Принтскрин Фејсбук

Елена Велевска, која со години наназад е една од најбараните наши фолк пејачки вели дека пандемијата, како и сите нејзини колеги значително ја променила.

Принтскрин Фејсбук

Велевска уште еднаш ја потврди својата скромност во интервјуто за Фокус каде што проговори за актуелната ситуација уште еднаш.

Принтскрин Фејсбук

Не размислувала повеќе за иднината, туку се научила да живее во сегашноста. Плановите на долги патеки, кои во минатото и биле секојдневие, сега ги оставила за некои подобри времиња.

-Веќе не размислувам за иднината,туку само за сегашноста. Најпрво да се разбудиме здрави и живи и да не ни фалат луѓе, а понатаму сѐ оставам да биде како Бог што сака.

Во моментов се чувствувам богата во срцево што сме преживеани, а за финансии не сакам да мислам затоа што знам да се носам и кога немам и кога имам-вели таа за ,,Фокус”.

Велевска како самохрана мајка на три малолетни деца, додава дека средствата кои за естрадните работници беа доделени од државата, по преговорите на Здружението за естрадни уметници се добредојдени, а периодов единствена преокупација и биле децата кои треба да се едуцираат.

Принтскрин Фејсбук

-Колку и да се правиме издржливи, ние, музичарите, сме најпогодени во оваа пандемија која долго трае и се повеќе ме загрижува – појаснува таа.