Home Вести Дијаспора Германија не отстапува и покрај критиките од ЕУ – од утре нови...

Германија не отстапува и покрај критиките од ЕУ – од утре нови мерки

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, во саботата се спротивстави на официјалните претставници на ЕУ за отстапување од плановите на неговата влада привремено, да се вратат во функција контролите на нејзините граници со Австрија и Чешка.

„Ние се бориме против мутираниот вирус на границата со Чешка и Австрија“, кажа Зехофер за Германски таблоид Билд. Комисијата на ЕУ треба да не поддржи и да не ни става сопки.

Принтскрин Јутјуб

На почетокот на оваа недела, германската влада ги означи Чешка и австрискиот регион Тирол како таканаречени „области со мутација“, поради големиот број случаи на корона вирус предизвикани од варијанта на вирусот.

На дневниот брифинг со новинарите во петокот, портпарол на Комисијата рече дека германската влада сè уште не ги известила за планираната гранична контрола, што се очекува да стапи на сила во недела.

Принтскрин Јутјуб

„Ние ја повикуваме Германија да ги спроведе овие мерки целосно во согласност со препораките на Советот“, рече во петокот портпаролот на Комисијата, додавајќи дека Комисијата очекува земјите од ЕУ да го следат претходно договорениот заеднички пристап кон ограничувањата на патувањето и да избегнат затворање на границите и забранети патувања.

Принтскрин Јутјуб

Зехофер исто така ги критикуваше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и комесарот за здравство Стела Киријакидес за начинот на кој се справуваат со ширењето на вакцините низ целиот континент.

Принтскрин Јутјуб

„Доста е“, кажа Зехофер. „Комисијата направи доволно грешки при нарачката на вакцините во последните неколку месеци“, пренесува Политико.

Принтскрин Јутјуб

Заразни мутации на корона вирусот се шират во Чешка и делови на Австрија. Токму поради ова, сојузната влада на Германија подготвува нови ограничувања за влез и гранични контроли.

Принтскрин Јутјуб

Овие мерки ќе почнат да се применуваат од утре. Откако мутираниот коронавирус се прошири во Чешка и делови на Австрија, федералната влада донесе одлука за нови ограничувања за влез и гранична контрола.

Принтскрин Јутјуб

Повторно воведување на контроли на внатрешните граници е потребно за да се спречи влегувањето на вирусот во Германија, колку што е можно повеќе.

Принтскрин Јутјуб

Во попладневните часови, персоналот се состана со претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи за да разговараат за можната класификација на другите земји како т.н. области на мутација на вируси.

Принтскрин Јутјуб

Досега нема соседна земја меѓу земјите кои се класифицирани на овој начин за кои се применува забрана за транспорт до Германија.

Принтскрин Јутјуб

Сега само Германците и странците кои живеат во Германија во имаат дозвола да влезат од веќе дефинираните области на мутација во странство. Исто така, постојат посебни правила за медицинскиот персонал, транзитните патници и движењето на стоките.