Home Живот Христијан Мицкоски проговори за Дамјан: Ќе се обидам мојот коментар да не...

Христијан Мицкоски проговори за Дамјан: Ќе се обидам мојот коментар да не прозвучи како дневна политика

Осмооделенецот Дамјан Давков, математички генијалец е многу актуелен во јавноста откако сторија за него се појави во Фејсбук групата „Штипска идила“. Дамјан Давков, кој иако е првак по математика, не може да добие награда бидејќи учи во основно училиште, а се натпреварувал во ранг на средношколци.

Дамјан и неговиот ментор- наставник, иако се прваци во земјава на сите натпревари по математика, не успеале да ја добијат паричната награда бидејќи прописите на Министерството за образование утврдиле дека детето е во осмолетка. Иако Давков се натпреварува во конкуренција со средношколци и е најдобар, министерството сепак одлучило да не му ја даде наградата.

Во Фејсбук групата на негвите сограѓани од Штип стоеше: „Се сеќавате на штипскиот Питагора? Македонска гордост што ни ги топлеше срцата со неговите подвизи.

Дамјан, уште од најниските одделенија се натпреваруваше со ученици неколку генерации поголеми од него и убедливо со максимален број на поени секогаш беше прв на натпреварите по математика. Иако е осмо одделение, тој се натпреварува со средношколци и таму е убедливо прв со максимален број на поени.

Наместо ваквите деца, носители на медали од математички олимпијади да ги мотивираме како би останале во државава, се случува невиден циркус. Имено во решението, на Дамјан не му следува парична награда од причина што е основец, а е државен првак по математика во конкуренција на средните школи“, беше напишано пред неколку дена во Фесјбук групата.

Дел од медиумите го објавија и документот во кој се образолжува зошто Дамјан е одбиен од Министерството. Во него стои следното:

„Барањето за доделување на парична награда за освоено прво место на државен натпревар по математика, прва година, од ученикот Дамјан Давков и наставникот Кокан Радев од ООУ „Ванчо Прќе“ Штип, се одбива.

Комисијата за доделување на парична награда за освоено прво место на државен натпревар на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за натпреварот, постапувајќи по горенаведеното барање, а согласно член 24 од Законот за средно образование, Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општионско, регионално и државнио ниво во средното образование, и Извештајот од Сојуз на математичари на Македонија, изврши увид во доставената документација и со Извештај од Комисијата утврди дека ученикот и наставникот не ги исполнуваат условите за доделување на парична награда, бидејќи ученикот е редовен ученик во основно образование, односно наставникот е наставник во основно образование, а натпреварите се за ученици и наставници во средно образование“.

Многу наши познати медиумски личности го подржаа овој талентиран ученик. На пример, новинарката Живкица Каленикова е една од оние кои рекоа дека Дамјан заслужува награда, како и повеќе познати новинари. Владимир Блажев Панчо исто така на својот профил напиша:

Да не должам многу, бидејќи со години наназад на сите ни е преку “ТАСЕ” од ноншалантниот однос на државата и државните институции, ( во случајов Министерство за култура) не само за денешниот случај со Дамјан Давков, малиот Штипски математички ГЕНИЈАЛЕЦ туку и со могу други млади таленти било да е во спорт, наука или уметност кои за жал не се деца на функционери за да лапаат награди и стипендии.

Па еве бидејќи јас “ИМАМ” многу повеќе од институциите се нафаќам да му ја исплатам заслужената парична награда во вредност од 50% од просечната плата 15.000ден (плус 2.000ден од мене за да ги собере и почасти другарите по еден цеден сок ) на Дамјан, се со цел да го мотивирам и да му кажам дека сум горд и среќен на неговиот фантастичен успех.

Пари ко пари, доаѓаат и си одат ништо особено битно. Исто така има луѓе и нелуѓе, а вие фотељашите спаѓате во тие вторите и не знам како не се плашите каде ќе ви иде душата.

Групата на Фејсбук Штипска идила вчера објави:

„По вчерашната моја објава за големите апсурди шо ги има само кај нас, и бурата од реакции, донесена е одлука:

Дамјан Давков ќе добие парична награда од 15 000 и ќе биде прогласен за почесен граѓанин на град Штип.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Негувајте ги ваквите деца како црнката у окото. Само така младите би останале у државата и би имале доверба у институциите.

А, на Дамјан, ќе му посакам ногу здравје, благосостојба, медали и признанија. ДАМЈАН, ДУША НАША СИ ТИ“.

Поддршка за Дамјан даде и претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Размислував пред да го напишам овој коментар, несакајќи да се доведе во конотација со дневната политика, но како родител и професор имам должност да изреагирам, пред се како човек кому му се крева утро бата пред неправдите со кои се соочуваат генерациите кои треба да ја носат иднината.

Дамјан Давков е ученик во VIII одделение од Штип, но и шампион по математика.

Ваков талент во нормална држава ќе беше бисерот кој една влада ќе го чуваше, помагаше и стимулираше како најголема надеж. Но, не и во нашата земја.

По втор пат во рок од два месеци му било одбиено барањето од страна на МОН за парична награда за освоеното прво место на државниот натпревар.

МОН го одбива, не затоа што Дамјан е лош, туку затоа што е добар, затоа што како осмоодделенец стана државен првак по математика за I година средно образование и како основец не го следувала.

Тоа што Дамјан е шампион му е пречка, а не предност. Ова се случува кога државата не штити вредности, кога неквалитетот го гуши квалитетот.

Дамјан шампионе, животот како што гледаш не е фер. Благодарам за сѐ што правиш. Извини во името на сите ние кои имаме обврска да се бо риме, а не успеваме да ги исправиме неправдите, затоа што ти тоа не го заслужуваш.

Можам да ветам дека ќе ги смениме работите, оваа борба е за тебе, за твоите другари, за малите шампиони со големо срце, сегашни и идни шампиони. Ти си енергијата која дава сила за бо рба и за промени кои ќе донесат подобро за сите. Поддршка шампионе. До наредните успеси“, рече Мицкоски.

Фото: Фејсбук група „Штипска идила“, Фејсбук профил на Владимир Блажев- Панчо, Фејсбук страница на Христијан Мицкоски, Јутјуб принсткрин, Freepic