Home Живот Каде што има чад има и оган: Дали Катарина со ова потврди...

Каде што има чад има и оган: Дали Катарина со ова потврди дека е во врска со Перо?

Нашата позната манекенка и фотомодел гостуваше во јутјуб емисијата „Жешко столче“ и раскажа мнигу интересни нешта за својот професионален, но и приватен живот.

– Живеев десетина години во Америка, и тоа патував постојано поради моите модни ангажмани, се вратив во Македонија и имам дев прекрасни дечиња.

Не жалам за ништо, но сега кога си размислувам, мислам дека можев уште неколку години да останам во белиот свет па да се вратам“, рече таа. Потоа зборуваше за соработката со светскиот бренд Victoria’s Secret.

– Не знам какво е чувството да си ангел на Victoria’s Secret. Ќе ги прашаш ангелите, затоа што за жал никогаш не сум била ангел, но имав можност, на мое големо задоволство, снимав за нивниот каталог.

Катарина потоа раскажа дека никогаш не добила непристојна понуда ни во Македонија ни во странство, и рече дека со секој Fashion week манекенството и модната индустрија во Македонија одат во нагорна линија.

Ивановска потоа го коментираше прашањето за филмот „Трето полувреме“ и дека одлично знае да глуми. Изјави дека филмот „Трето полувреме“ е за неа едно убаво и големо искуство и раскажа дека никогаш не би пропуштила да отиде на уште некоја аудиција за филм ако ѝ се укаже можност.

Потоа зборуваше и за тоа дека за жал, поради пандемијата со вирусот таа сега не работи и најмногу ужиива што е родител, но и вежба тенис и се дружи со пријателите и толку. Рече дека не е многу строга мајка, но сака ред. „Во девет во кревет е моето мото. Не сите, но им исполнувам желби на децата“.

Катарина откри дека е голем љубитеол на спортот, затоа што потекнува од спорстко семејство, татко ѝ е познат ракометар, Кире Ивановски, мајка ѝ тренирала карате, а ракомет тренирала и нејзината сестра. Катарина рече дека пробувала и гимнастика, и одбојка и пливање и тенис.

Потоа водителот Никола Трпкоски продолжи да ја прашува за спортот, за да дојде до крајните прашаења кои се најинтересни. Ја праша дали има омилен спорт, а Катарина рече: „Тенис, трчање, трчав полумаратон во Скопје, во Америка, во Њујорк, и за мене, тоа е една рутинска работа како миење на заби на пример“.

– Можеби кошарка ти е омилениот спорт“, продолжи водителот. “Не, зошто?“, одговори Катарина.

– Се шушка дека во последно време најудобно си се осеќала во дресот со бројот 6“, беше следното прашање на Никола, а Катарина на ова му го одговори следното:

-Леле, не знам што е број шест“, и тоа го кажа низ многу смеење.

Потоа следеше прашањето дали верува на чаршиски муабети на што Катарина рече дека не ја интересираат, но потоа рече: „Види, каде што има чад има и оган. Тоа е“.

„Да, во право си, вие останете да размислувате“, одговори водителот, а Катарина се насмевна уште еднаш. Од целиот овој разговор, токму делот со омилениот дрес и со кошарката таа го сподели на Инста стори, тоест го објави авторот на емисијата, а таа го сподели и кај неа на стори.

На крајот на минатата година, порталот “Убавина и здравје“ објави дека Катарина е во врска со кошаркарот Перо Антиќ, а како доказ беа наведени неговите коментари под нејзините објави, каде што Перо коментира со срциња.

Останува да видиме дали со одговорите: „Каде што има чад има и оган“, Катарина ги потврди гласните дека е во љубов со Перо.

За крај на емисијата, таа ја испеа Proud од Тамара и упати пораки дека сите жени кои се соочуваат со на сил -ство не се сами. Имаше и прашање: Што да очекуваме следно од тебе, на кое Катарина одговори: „Бебе. Трудна сум. Не, се шалам. Доста ми се две“.

Фото: Инстаграм на Катарина Ивановска, Јутјуб принсткрин