Home Вести Македонија Кире Лазаров прифати – ќе биде новиот селектор

Кире Лазаров прифати – ќе биде новиот селектор

Она што многумина го бараа и посакуваа, се оствари. Кирил Лазаров денеска и официјално беше промовиран за нов селектор на ракометната репрезентација.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој доби договор на една година, додека ја добие мастер-коуч дипломата, а потоа истиот ќе биде продолжен на уште четири. На прес конференцијата Лазаров најави дека во наредната една година ќе продолжи да биде и активен играч.

Фото: Јутјуб принтскрин

Кирил Лазаров има 40 години, тој е најмладиот селектор на машката ракометна репрезентација, ќе има две функции во националниот тим, и тренер и играч.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Со претседателот се договоривме дека јас би бил активен и како играч,  бидејќи нè чекаат големи битки на кои треба да одговориме квалитетно, направивме стратегија и заклучивме дека треба да го задржиме континуитетот на големите натпреварувања, значи учество на Европското првенство следната година, како и учество на Светското првенство, рече Кире.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој вели дека е среќен и задоволен од одлуката да биде селектор и дека без никакво размислување го прифатил овој голем предизвик.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Под мое водство Македонија ќе игра брз и модерен ракомет. Но тоа не може да се промени преку ноќ. Во престојните квалификациски меча нема да промениме многу во однос на играта бидејќи немаме време за тоа, но верувајте дека од Европското првенство ќе гледате една Македонија која игра модерно.

Фото: Јутјуб принтскрин

Што се однесува до играчкиот потенцијал, јас верувам во нашите ракометари, да не беше така немаше да се нафатам на оваа работа.

Со претседателот Живко Мукаетов се договоривме во првата година да играм и јас на одредени натпревари на кои ќе биде потребно, да бидам како поддршка за младите играчи.

Фото: Јутјуб принтскрин

Наскоро ќе објавам список од 35 ракометари и мојот стручен штаб. Ќе се обидеме да истестираме колку што е можно повеќе играчи, да видиме кој ќе може да го носи дресот на националниот тим, изјави Лазаров.

Фото: Јутјуб принтскрин

Кирил Лазаров има 40 години, тој е најмладиот селектор на машката ракометна репрезентација, ќе има две функции во националниот тим, и тренер и играч.

Фото: Јутјуб принтскрин

Лазаров е 21 селекторот на националниот машки тим, осум биле странци, Драган Нишевиќ, Зоран Живковиќ, Јошко Петковиќ, Драган Ѓукиќ, Веселин Вујовиќ, Ивица Обрван, Лино Червар и Раул Гонзалес.

Фото: Јутјуб принтскрин

Македонија покрај Лазаров и Брестовац уште ја предводеле, Славе Атанасовски, Ванчо Јовановски Ристо Трпчевски, Стевче Стефановски, Цане Крстевски, Драган Здравковски, Љубомир Савески, Стојан Петрушевски, Гино Стрезовски, Илија Темелковски и Звонко Шундовски.

Фото: Јутјуб принтскрин