Home Вести Македонија Која е симболиката на подарокот кој му го даде Зоран Заев на...

Која е симболиката на подарокот кој му го даде Зоран Заев на Вучиќ

Денес конечно пристигнаа првите вакцини во нашата држава и имунизацијата може да почне. Оваа Влада беше мета на критики од опозицијата и граѓаните, поради лошото менаџирање и снаоѓање при набавката на вакцините.

Нашата држава беше една од ретките во Европа и Светот, каде имунизацијата се’ уште не е започната. Но од утрово, благодарение на помошта од соседна Србија, тоа веќе не е така.

Вакцините во земјава ги донесе лично Претседателот на Србија, Александар Вучиќ. По тој повод, Премиерот Заев кој му беше домаќин на Вучиќ, на социјалните мрежи напиша:

„Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија, започнува процесот на имунизација од КОВИД-19 во Северна Македонија.

Ова е израз на пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека да стигнат вакцините што Владата на Република Северна Македонија ги обезбеди преку механизмот КОВАКС и директно преку производелите Фајзер и Синофарм.

Вакцините од Србија ќе влезат во Националниот оперативен план за вакцинација што Министерството за здравство веќе го објави и кој постојано ќе се ажурира согласно динамиката на пристигнување на останатите договорени вакцини. Утврдени се и приоритетните групи за вакцинирање.

Уште еднаш упатувам голема благодарност до српскиот народ, до претседателот Aleksandar Vučić и до премиерката Брнабиќ, што како израз на драгоцен чин на пријателство, Република Србија денеска солидарно споделува дел од своите вакцини со народот на Северна Македонија.

Овој чин ги зацврстува и им дава светла перспектива на односите меѓу Србија и Северна Македонија, кои се традиционално пријателски. На овој убав ден посакувам и повикувам на сечив придонес, за да биде мир, здравје и љубов на Балканите.“

По официјалниот дел од примопредавањето на вакцините и говорите на двајцата државници, тие своето дружење го продолжија во еден од најексклузивните ресторани во МАкедонија, Камник.

Вучиќ со чаша вино во рацете го честиташе големиот Православен празник, Св. Трипун:

„На сите винари и лозари на Србија им го честитам празникот – Св. Трифун и им посакувам среќна и среќна година. Како љубител на вино, горд сум на српските винари и нивните резултати во последните 10 години.

Надминавме многу регионални овластувања во однос на квалитетот на виното и се надевам и верувам дека потрошувачите во Србија во иднина ќе посветат уште поголемо внимание и доверба на домашните вина. На здравје!“, напиша Вучиќ, со чаша македонско вино во рацете.

Премиерот Заев на српскиот претседател Вучиќ по приемот на вакцините против Ковид-19 му подарил икона на светецот Пантелејмон.

Тие што ја знаат историјата и животниот пат на светецот Пантелејмон или Пантелија како што се нарекува во Србија знаат дека тој важи за еден од најмилозливите светци во православната религија.

Симболиката на дадената икона од Заев на Вучиќ, токму од овој светец за многумина е знак дека македонскиот премиер го доживува како најмилозлив од сите лидери во регионот, пишува порталот Експрес.

Името Пантелејмон е со грчко потекло а неговот значење е сèмилостив. Свети Пантелејмон се родил во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучи лекарската вештина.

Подоцна поверува во Христа и се крсти. Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва.

Така излечи и еден слепец од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин.

Свети Пантелејмон беше ставен на ма ки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на гу билиште, под некое маслиново дрво.

Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отстра нета глав ата. Пострада во 304 година. Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.

Извор на фото: Фејсбук и инстаграм профили на Заев и Вучиќ и Јутјуб принтскрин