Home Живот Лежев дома со мраз и со апчиња – Снеже Велков раскажа една...

Лежев дома со мраз и со апчиња – Снеже Велков раскажа една своја инспиративна приказна

Многу луѓе често знаат да се плашат од проблемите и од предизвиците, чувствувајќи страв како ќе се соочат со непознатото.

Секогаш искрена во своите објави е нашата позната водителка Снеже Велков, која често на Инстаграм знае да сподели свое искуство како поука за нејзините следбеници.

За тоа како научила од своите сопствени проблеми да ги прфаќа предизиците, Снеже Велков напиша во својата нова објава на Инстаграм, и раскажа една интимна приказна, поврзана со нејзиното здравје.

-Проблем или Предизвик? Од проблемите најчесто бегаме, ги пикаме под тепих, чекаме да се решат сами или ги оставамe за подоцна. Проблемите не тераат да се молиме кукаме или ма чиме. Проблемите ни ставаат сопки и не враќаат наназад. Од проблемите боли глава.

Заради проблеми не спиеме, не јадеме, или се прејадуваме. Заради проблеми пиеме и се опи јануваме. Од проблеми се дезорентираме, не фокусираме и не напредуваме.

Од проблеми глава не креваме, во под гледаме, раменици свиснуваме и кичма подвиткуваме. Заради проблеми мака си имаме, ж ртви стануваме и полека потонуваме. Предизвикот е нешто друго!

-На него во очи му гледаме „мускули„ покажуваме и заби стегаме-Он на мене!

-На предизвикот и инает му тераме, и гордост не даваме и храброст применуваме ма сите карти на маса ги ставаме.

-На предизвикот и боксерски ракавици му облекуваме, гард симнуваме и во атак тргнуваме.

Со предизвикот сила си мериме, и ич не му се предаваме. ЕПА НЕ ПОПУШТАМ БЕ! Со предизвикот се фајтаме и редовно на повисоко ниво се качуваме!

Па зошто тогаш на „проблемот„ личен опис не му смениме и „предизвик„ да го наречеме? Инает да му затераме, мускули да извадиме, снага да покажеме! Името „проблем„ во предизвик да го смениме и раат битки да си тераме! БОРЦИ, НЕ Ж РТВИ -ДА БИДЕМЕ!!

П.С. Се додека имав “проблем” со коленото лежев дома со мраз и со апчиња-кога коленото ми стана “предизвик” станав девојката со точакот.

“Проблемот” со алергиите ме правеше девојка која ништо не може да јаде ама за тоа “предизвикот” со алергиите ги прави сите вкусни рецепти!

Па што викате? Да му ја заблескаме една на ПРОБЛЕМОТ и да стане ПРЕДИЗВИК, БИВА?“, напиша Снеже.

Во една прилика, таа зборуваше за својата интолерантност кон храната. „Јас ја имам таа среќа велат, а јас велам несреќа да сум интолерантна на некои работи како млеко и млечни производи, јајца, месо, бело брашно.

Секоја комбинација на овие продукти ми прави голем проблем на организмот како повраќање и отекување. Па генерално исхраната ми е сведена на овошје зеленчук и риба. Здрава храна во секој случај“, рече водителката.

Фото: Инстаграм на Снеже Велков