Home Естрада Македонскиот пејач работел како келнер во Грција

Македонскиот пејач работел како келнер во Грција

Минатата година Андреј и Панчо како дуо славеа 18 години откако посои ДНК. Планираа и концерт по тој повод, кој поради пандемијата не се одржа.

Принтскрин фејсбук

Во март, тие одржаа онлајн концерт во живо кој го направија за да ги анимираат луѓето дома на почетокот на пандемијата. Концертот го гледале над 200.000 луѓе.

Принтскрин Фејсбук

И, додека Панчо во воој период често објавува слики како се качува на Водно, Андреј е малку порезервиран, но сепак и тој е активен на социјалните мрежи.

Андреј своето слободно време сега го поминува со своето семејство, пред се со својата ќерка Јана.

Принтскрин Јутјуб

“Тоа чувство во родителот се раѓа со раѓањето на детето и е дефинитивно чувство што е тешко човек да го опише со зборови. Едноставно стануваш комплетен, целосно исполнет и почнуваш да живееш за некој друг“ – раскажа Андреј Ѓорѓиески во едно неодамнешно интервју и додаде:

Принтскрин Јутјуб

„Отсекогаш сето она што е чисто, искрено и исконско сум го поистоветувал со се она што го гледам во очите на секое дете, па дури тоа што се беспомошни и кревки ме прави многу емотивен и ранлив.

Искрено, да можам би го згрижил секое дете на светов и би му обезбедил се што едно дете и треба да има – топол дом и љубов. Тоа е она што ќе се потрудам да му го обезбедам и на моето дете во секое време, иако тоа не вреди парично, но е најдрагоцено“

Како и многумина познати личности, така и на Андреј почетоците не му биле нималку лесни. Напротив, тој за живот морал да заработува преку границите на нашата држава, во сосема друга дејност од музиката.

Принтскрин Јутјуб

„Во 2004 година како „ДНК“ имавме издадено само неколку песни како: „Пази дете“, „Благодарам однапред“, итн..

Искрено, тоа беше период каде што стагниравме со Панчо од музичката сцена поради тоа што немавме доволно песни и хитови за да направиме концерт и да настапуваме низ земјава.

Поради таа ситуација, бев приморан да заминам во Грција и да работам како келнер во еден хотел. Она што го изумив е тоа што во тој период имав снимено песна со Врчак – „Во твоето срце“ и еден ден додека си работев, во најголемата гужва, сред сезона, добив повик од Врчак.

Тој ми кажа дека закажал промоција на албумот и песната другиот ден. Кога му кажав каде сум и што правам, ме натера да се вратам уште истиот ден, се со цел да присуствувам на промоцијата, но и да почнеме сериозно да работиме на нови песни и проекти.

Практично, тоа беше моментот каде и започна приказната со „ДНК“ и Врчак и тоа беше еден од најубавите периоди од мојот живот“. – вели Андреј за порталот моментт.мк

Принтскрин Јутјуб