Home Живот Во Австралија воведен карантин – Маријана налутено објасни како е навистина во...

Во Австралија воведен карантин – Маријана налутено објасни како е навистина во земјата на која сите и се воодушевуваат

Немаа кој не го памети легендарното музичко дуо, сестрите близначи Маријана и Росана. Сестрите се немаат видено од предминатото лето.

Маријана долги години живее во Австралија, а Росана во Скопје. Маријана беше последен пат во посета на родниот крај предминатото лето.

Судејќи по сликите, и двете сестри изгледат одлично. Иако далечината физички ги раздели, тие останаа многу блиски и приврзани една кон друга. „Ние две сме исти, слични, но и различни. Можеби чудно звучи но така е.

Јас секогаш сум била помирна, попедантна за се, а таа попалава во секој поглед. Инаку јас сум постара 15 минути. Јас повеќе сакав и се трудев да помагам на мама, а таа секогаш се извлекуваше со изговор дека има за учење.“, изјави Росана за својата сестра за Женски магазин.

Маријана одамна не се занимава со музика, а и Росана повремено. Росана работи во една скопска книжарница, а Маријана како медицинска сестра на Клиника за стоматологија.

Маријана стана баба на Велигден минатата година година од синот Филип. Снаата на Маријана, Анастасиа, ја роди Ива, а Маријана не пропушта да се пофали со слика од својата мила внука.

Нејзината ќерка е вистинска убавица и се вика Магдалена. Децата, Маријана ги има со композиторот Тоде Новечевски, со кого беше во брак долги години.

-Сега почнавме да се запознаваме со внуката. Поради пандемијата со корона вирусот, за жал не бевме во можност да се дружиме. Ева е весело бебе, многу се смее и сака да јаде.

Таа и двегодишното внуче Ноах на сестра ми Росана, се нашата најголема радост. Двете уживаме во улогата на баби“, изјави пејачката.

Маријана во Мелбурн често се дружи со Татјана Лазаревска и Новица Василевски кои исто така живеат во Австралија долги години.

Откако нивниот регион ја укина забраната за движење, двете пејачки отидоа на плажа и заедно запејаа. Двете пријателки се сликаа на жешкиот песок во костими за капење, но не објавија слики како се капат.

„За сите вас, а специјално за мојата Росана, моето сонце, моето се“, вели посветата на Маријана за сестра ѝ. Маријана пред да почне да пее откри „За 30 години, првпат влегов во вода“, а Татјана ја покажуваше атмосферата на плажата.

Двете ужива во сонцето и во убавото време. Додека позади нив луѓе се капеа на плажата, тие си пееја, и тоа песната „Едно срце“ од Маријана и од Росана.

Сега во Мелбурн повтпрно е пргогласен карантин и тоа петдневен, поради зголемениот број на заболени од вирусот. По тој повод, Маријана се огласи лута на Фејсбук:

-Заклучување во Мелбурн повторно пет дена …Сонував дека во 2022 година нè нападна некој стомачен вирус, седиме во пелени и се сеќаваме дека ни беше подобро со маските“, напиша Маријана.

Потоа, неколку нејзини пријатели ја поддржаа во коментарите. „100% во право си. Какви игри…? Кој се разболе нека го затворат и лечат не се да мобилизираат како бом ба да паднало.

Прозирни им се игриве, сите ги увидовме но се уште сме послушна војска. Оде е језиво. Пред најавата стигнавме во Розбад каде и така е тишина, ама утрово е језиво, само чрчорење на птици се слушаат од огромна оддалеченост АПСОЛУТНО никаков шум, извини шумот на лисјата од дрвата се слуша.

Потоп, нема бучава од чамци, колона коли. Невероватно сабота а во Колс само 1 купувач и вработените“, вели пријателка на Маријана.

На оваа таа ѝ одговори коментирајќи ја одлуката дека во следните пет дена, натпреварите на Австралија опен во Мелбурн парк ќе се одржуваат без навивачи на трибините, а луѓето се затворени во своите домови.

– Жално и патетично. Се прашувам колку ли овие пет дена ќе не „спасат“. Пет дена на многумина со малите бизниси им значи многу, корка леб. Затоа, ќе уживаме во спортските активности на тенисот кој некому е многу поважен“, рече Маријана.