Home Живот Мери Јордановска: Кади – туш кабини, троседи, двоседи, секој може да си...

Мери Јордановска: Кади – туш кабини, троседи, двоседи, секој може да си одбере што сака

Новинараката Мери Јордановска е позната по тоа што секогаш отворено ги коментира случувањата во нашето општество. Минатата година, таа на Фејсбук напиша:

-Луѓето се оставени сами на себе. Цела среќа што постои ФБ група каде патем има над 8 илјади членови – си помагаат, си делат совети, во отсуство на совет од друг.Дел од матичните лекари не креваат слушалка, не прегледуваат.

– Немаш кого да прашаш што да се напиеш, дали е нормално што те болат бубрезите, дали е нормално што 10 дена не ти спаѓа температурата, дали е нормално што си ослабел 9 кила за 7 дена, дали е нормално што ти излегуваат модринки. Терапијата за сите е иста“.

Интересена споредба помеѓу 2019 и 2020 година во која за жал многумина од нас можат да се препознаат, даде Јордановска.

– 2019: Фотка од фустан на попуст. Цена? Цена? Ценааа? Имате ли M ама друга боја?!1 2020: Фотка од лабораторија за брис. Ценааа? Цена?!!1 Има ли попуст за пакет со серолошки тест? 2019, 21 часот: Излагам за пола саат. – Ок.

2020, 21 часот: Се враќам за пола саат. – Добро бе, осет да се немало, глеј колку е саат, жив човек нема по улици, ќе раздени, само ти скиташ!

2019: Мамо ќе поминам да ве видам. Одиш. – 2020: Мамо, уклучи камера да ве видам. Мамооо, не таму, има едно копче како видео-камера, во левиот агол… ај нема везе, ќе ви поминам под тераса. 2019: Женска ташна: Новчаник, цвикери, несесер со шминка, 15 лабела, тефтер, 28 пенкала, опашка од глушец, остаток од изгризано јаболко, штраф од бормашина.

2020: Женска ташна: Новчаник, несесер со дезифиценс со 70% алкохол, дезифициенс со 90% алкохол, влажни марамици, трослојна хируршка маска плава, трослојна хируршка маска розева, платнена маска црна, двослојна платнена маска шарена, маска КN95, влажни марамици, лабело од 2019…’, напиша таа.

Во новата објава, новинарката зборува за тоа каква е нашата колективна свест.

-Пандемијата на Ковид – 19 нè научи на две работи, за колективната и за индивидуалната свест. Сфативме, се надевам, дека ја немаме ниту едната, ниту пак другата.

Кога луѓето и властите не знаат да се грижат за сопственото здравје, за животната средина и за животните, тогаш очигледно е дека нешто не штима во општеството. И дека пред нас е сериозна работа.

Колегите од Радио МОФ откриваат дека водата во Вардар бактериолошки, со години е четврта категорија, што значи дека таа е забранета за капење, за полевање посеви и секако, за користење. Сè се истура во Вардар и само се чека топење на снег или поголеми врнежи, за да го однесе отпадот.

А отпадот… од каде да почнеме, кади – туш кабини, троседи, двоседи, секој може да си одбере што сака, додуша малку загадени, ама испрани.

Нека проработи, за почеток, индивидуалната свест, за да можеме со чиста совест да ја бараме колективната. Се приклучувам кон кампањата РазбистриСѐ за заедно да влијаеме за поздрава животна средина“.

Фото: Јутјуб принсткрин, Фејсбук профил на Мери Јордановска