Home Живот Ми пишуваат дека човек како мене не заслужува да живее – Ивона...

Ми пишуваат дека човек како мене не заслужува да живее – Ивона добила вакви коменатри откако го сликаше својот „вишок“

Пејачката Ивона Јовановиќ има прекрасен глас и интересен имиџ, а тоа го докажа и во натпреварот „Ѕвездите на гранд“, особено кога ја пееше „Бато“ од Калиопи. Оваа шарматна кумановчанка сега стана и јутјуберка, а богами и инфлуенсерка.

Ивона секогаш пишува отворено за своите вишок килограми, за кои нејзините фанови велат декла одлично ги носи. Еден период, Ивона беше во интензивен процес на слабеење.

„Се криев и не излегував во текот на летото на базени, одмори затоа што во средношколските денови добивав пог рдни зборови од околината кога ќе се соблечев така во бикини. Се немам појавено во теретана можеби 2 недели.

На почеток од овој мој животен пат кога не одев во теретана чувствував огромна грижа на совест. Се ка знував со 2 часа 3 часа вежбање утредента и слично.

И еве ме, се вратив од одмор. И можам да ви кажам, уживајте во секој момент од животот. Јадете контролирано. Дозволете си денови кога ќе земете нешто што знаете дека го сакате.

Дозволете си да го слушнете телото што ви говори“, напиша пејачката тогаш. На Инстаграм, Ивона објави смели фотоиграфии каде што е облечена во свилен тесен фустан и напиша:

Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен.

Вишокот кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак тан га и слично.

Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години. И најтешко од се знаете што е?

Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш.

Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што? Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна.

Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така.“, рече Ивона.

Откако поминаа неколку дена и јавноста се заинтересираа за овие фотографии, Ивона сподели уште едно искуство, овој пат ни малу пријатно:

– Последните неколку дена ми се преполни инбоксот со мили коментари но и со претење дека човек како мене не заслужува да живее.

Се надевам дека свесно ги пишувате коментарите и дека ве прави среќни, моментот кога своите комплекси ги исфрлувате на туѓа убавина и љубов.

Останете така искомплексирани, а јас со луѓето што ме поддржуваат ќе се потрудиме да работиме на своето ментално, физичко здравје и да растеме заедно. Со љубов ИвонаЈо.“, напиша таа.

Фото: Инстаграм на Ивона Јовановиќ