Home Вести Македонија Николовски: Не само што ни е стабилно мнозинството, туку секој ден сè...

Николовски: Не само што ни е стабилно мнозинството, туку секој ден сè повеќе граѓани ни се приклучуваат

Претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера при посетата на индустриската зона Чојлија упати прашање до власта, каде и се седумте пратеници кои не гласале за поддршката на вицепремиерот, Никола Димитров на собраниската седница кога се разгледуваше предлогот за неговата интерпелација.

Мицкоски порача дека ова покажува дека тие пратеници наскоро би гласале за друго мнозинство или нова Влада.

-Она што се покажа на интерпелацијата на Димитров е дека Заев ја нема довербата од 62 пратеника, што значи ако денеска би се гласала доверба на Владата тој нема да помине, затоа што ќе има само 55 пратеника.

Така што наместо да се извртуваат тезите, треба да се запраша каде исчезнаа седум пратеници кои пред само шест месеци го гласаа Никола Димитров, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш го повтори ставот околу спроведувањето на пописот, дека преку собирање на потписи и поднесување Закон во Собранието ќе бараат поништување на донесениот закон за попис.

Според него, нема потреба од спроведување на ова статистичка операција во време на пандемијата и предлага таа да се изврши електронски со споредување на базите на податоци што ги имаат надлежните институции.

Одговор стигна од генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски:

-Парламентарното мнозинство е стабилно, СДСМ ја предводи најголемата и најразноликата коалиција, СДСМ е партијата со најголем коалициски капацитет, на која секојдневно се приклучуваат се повеќе граѓани, порача вчера Николовски од Штип.

Николовски посочи дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се сменило, дека таа партија се уште е заглавена во криминал и деструкција и се додека е така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде опозиција.

„Пред само два месеца, овде во Штип ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да учествува на локалните избори но не го сторија тоа. Нема крај на ретроградните политики, на политиките на затвореност, на политиките на ом раза, на политиките со кои сакаат да ја вратат државата назад.

ВМРО ДПМНЕ пред се треба да се реорганизира, трансформира, модернизира, за да има позитивен пристап кај граѓаните, за да има коалициски капацитети и за граѓаните да препознаат нешто во нив.

Засега ниту нудат луѓе, ниту нудат програма, ниту нудат проекти и се партија заглавена во криминалот, во обвиненијата и по секоја сакат да ја кочат земјата. Граѓаните јасно ја пратија порака, Парламентарното мнозинство е стабилно.

И додека ние сме отворени, транспарентни, додека ние чекориме напред, ВМРО-ДПМНЕ остана заглавена во криминалот, командувана од Будимпешта, без програма, без идеја, без проекти, без нови луѓе“ порача генералниот секретар Николовски.