Home Вести Дијаспора Поради новите правила за влез во Германија, на Македонци не им беше...

Поради новите правила за влез во Германија, на Македонци не им беше дозволено да се качат на авион

Како што е познато, од неделата (24.01.2021) во Германија почнаа да важат нови, заострени, правила за влез во земјата. Сојузната влада го прошири списокот на земји кои важат за подрачја со висок ризик, а новина е дека сега се класифицираат и земји каде инциденцата на неделно ниво е над 200 на 100.000 жители.

Принтскрин Јутјуб

За сите патници кои доаѓаат или се враќаат во Германија важи и правилото за обврзувачка регистрација на интернет на страницата www.einreiseanmeldung.de – пред влез во земјата.

Според Институтот Роберт Кох (РКИ), во категоријата земји со висока инциденца (повеќе од 200) од неделата се следните европски земји: Северна Македонија, БиХ, Србија, Косово, Словенија, Албанија, Шпанија, Португалија, Естонија, Летонија, Литванија, Андора и Чешка.

Во категоријата на региони во кои се појавиле многу заразни мутации на коронавирусот засега спаѓаат: Велика Британија, Ирска, Северна Ирска, Јужна Африка и Бразил.

Во принцип, сите патници кои влегуваат во Германија, и кои престојувале во ризично подрачје (категорија 1 до 3) во последните 10 дена, се обврзани на десетдневен карантин.

Карантинот може да се скрати после петтиот ден, но само ако се направи втор тест и тој е негативен. Од карантинот се исклучени само службени патувања.

Новите правила за влез во Германија на своја кожа веќе ги почуствуваа ракометарите на Вардар кои вчера по одигрување на мечот од Лигата на шампионите против Порто останаа заглавени во Португалија.

Принтскрин Јутјуб

Пред неколку моменти се огласија од екипата на РК Вардар и соопштија што се случило.

Принтскрин Јутјуб

-Вардар остана во Португалија – се бара друга авио врска за враќање во Скопје

Принтскрин РК Вардар

Поради проблеми со летот на релација Порто – Франкфурт, екипата на Вардар 1961 остана во Португалија и ги пропушти врзаните конекции до Белград и Скопје за враќање дома по дуелот од ЕХФ лигата на шампионите. Наместо вечерва, екипата би требало утре да тргне од Порто и преку друга конекција да стигне до Скопје.

Принтскрин РК Вардар

Нашите ракометари денеска не успеале да заминат со авионот од Порто, откако службениците од авиокомпанијата со која требало да летаат ги информирале нашите претставници дека поради новите Ковид правила што се воведени во Германија доколку заминат за Франкфурт ќе мора да бидат во карантин. Дури и ако се работи за транзитирање и не се напушта аеродромската зграда.

Принтскрин РК Вардар

Екипата ги имаше сите подребни документи за патување, а пред заминувањето од Португалија биле направени и ПСР тестови со цел да има не постари од 48 часа.

Принтскрин РК Вардар

Но, и покрај сите потребни документи од авиокомпанијата и нивните службеници на шалтерот за пријавување не добиле дозвола да се качат на авион и да заминат за Франкфурт.

Принтскрин РК Вардар

За проблемите во Порто со авионските врски информирани се и во ЕХФ, и заедно се бара начин екипата што побрзо да се врати во Скопје и да се подготвува за следните дуели со ПСЖ и со Флензбург.

Принтскрин РК Вардар