Home Естрада Однапред зема 8.000 евра за настап: Познатата пејачка од „Гранд“ излегува од...

Однапред зема 8.000 евра за настап: Познатата пејачка од „Гранд“ излегува од изолација од родното село

Младиот пејач Урош Живковиќ, кој се натпреваруваше во „Звезда Гранда“, ја изненади јавноста со изјавата дека тој настапува веќе подолго време и дека многу клубови во Белград започнале со работа.

Пејачот се обиде да се дистанцира посочувајќи дека менаџерите и сопствениците на барови треба да размислат колку е безбедно воопшто да се забавуваат, а тој, како што тврди, само си ја вршел својата работа, така што не се чувствува виновен за пеење и покрај вирусот кој сè уште владее.

-Пеев во Белград за викендот, отидов на настапот на најнормален начин, кој го имав закажано пред тоа. Не сум јас јас тој што оди по кафана да пее, почнаа да работат скоро сите објекти во градот!

Мислам дека не загрозив никого, јас само си ја работев својата работа. Јас не сум тој што одредува кога и колку кафулиња и барови се отворени.

За тоа се грижат другите луѓе. Не знам колку луѓе има во објектот, тоа прашање треба да си го постават сопствениците и управителите на кафулињата. Тие треба да се занимаваат со мерки на претпазливост, а не јас како музичар – рече пејачот и додаде дека не се плаши од вирусот:

– Ми се чини дека вирусот полека ослабува и дека наскоро ќе го победиме. Се појави и вакцина, па се надевам дека процесот ќе се забрза.

Не се плашам од вирусот, да имав, веројатно немаше да излезам никаде. Познавам луѓе кои имале, за среќа, со поблаги симптоми. Не треба да има паника и сè ќе биде како што треба.

Иако е еден од ретките кој отворено зборува за тоа како и каде работи во времето на вирусот, тој очигледно не е единствениот кој веќе настапува подолго време. Досега се појавија гласини за пејачи кои тајно настапуваат во Босна и Хергеговина како Слобо Радановиќ, Дарко Лазиќ, Александра Пријовиќ и други.

Настапите за февруари, за кои однапред зеде 8.000 евра, конечно ги закажа Рада Манојловиќ, која се изолираше за време на епидемијата и замина во родното село Четереже.

-Едвај чекам да започнам со настапи. Што се однесува до гласот, сè е во ред, но не знам како ќе бидам на сцената со мојата кондиција затоа што станав мрзлива претходните месеци. Штиклите ќе ми создадат проблеми, го изгубив секој мускул кој го имав.

Тој дел од работата воопшто не ми недостасуваше, но пеењето да. Во февруари закажав неколку тезги затоа што верувам дека сега ситуацијата е поповолна кога станува збор за вирусот. Ми се чини дека сè слабее.

Се радувам, секако, на фактот дека повторно ќе започнам да заработувам, јас и моите колеги сме на пауза од работа со месеци.

Tака што е нормално дека едвај чекаме сè да започне да работи – вели Рада Манојловиќ која се изолираше ѝ како да не забележа дека некои нејзини колеги работат без пауза.

Рада за српски Телеграф додава:

– Многу ми недостигаа пријателите од Белград. Се дистанцирав од сите, се слушавме само по телефон, но не е исто како кога ќе видиш некого. Ми се чини дека има помала напнатост меѓу луѓето откако се појави вакцината. Се чини дека веќе не сме во голем страв.“

Фото: Инстаграм профили на Урош Живковиќ, Александра Пријовиќ, Дарко Лазиќ и Рада Манојловиќ