Home Естрада Сега скоро ја поврзуваа со мажот на Карлеуша, Тошиќ – Марија проговори...

Сега скоро ја поврзуваа со мажот на Карлеуша, Тошиќ – Марија проговори за него, но и за тоа дека на времето продавала на пазар

Многумина тврдат дека таа е наследничка на Стоја, а пејачката Марија Мелцер тврди дека многу и се допаѓа таквиот комплимент.

Принтскрин Инстаграм

-Не ми пречи да бидам поврзувана со Стоја. Таа е одлична пејачка, дури мило ми е што сме барем слични по таа боја на глас.

Принтскрин Инстаграм

Нека биде да сум јас, Стоја два (се смее). Секако, имам во план добар дует, па ќе видиме, никогаш не знаете, ако најдам добра песна, би сакала да е можеби со Стоја, зошто да не – рече Марија и откри:

Принтскрин Инстаграм

– Минатата година излегоа информации, не знам како, дека сум во емотивна врска со Душко Тошиќ. Не го познавам тој човек и посакувам повеќе да не ме поврзуваат за таа приказна затоа што тоа е целосна глупост.

Принтскрин Инстаграм

Јас ја почитувам работата на неговата сопруга и ја ценам многу како пејач, но таа приказна Душко и јас немаме никаква врска со животот. Не сакам да ја градам својата кариера врз ска ндали, нека зборуваат за мене моите песни и мојата работа.

Принтскрин Инстаграм

Марија Мелцер, пејачка, денес живее луксузен начин на живот. Може да се пофали со добар автомобил, луксузен стан, но и вила во Белград.

Принтскрин Инстаграм

Сепак, не беше секогаш така. Таа сега откри дека на почетокот на својата кариера продавала работи на пазарот за да заработи некој динар.

Принтскрин Инстаграм

“Секој што ќе се потруди, тој ќе направи успех. Работата е тешка, но се исплати. Се случуваше кога снимаме, да снимаме по три дена. Почнав да пеам на 17 години, моите родители не беа воодушевени со тоа, бидејќи го запоставив и училиштето.

Принтскрин Инстаграм

Моите родители држеа кафана и тука започнува мојата љубов кон музиката “, вели Марија, додавајќи:

Принтскрин Инстаграм

“Подоцна запознав едно момче. Имавме бутик. После тоа продадавав работи на пазар, кога ни остануваа залихи од робата. Кој сака да работи и да заработи може да го стори тоа на повеќе начини.

Принтскрин Инстаграм

Порано живеев со родителите, работев, јадев со нив, што е составен дел од секој човечки живот, човек мора да започне со нешто.

Принтскрин Инстаграм

Најубаво ми е кога ќе видат дека сум останала како што сум била. Единствена желба ми е да останам ваква како што сум “.

Принтскрин Инстаграм

Марија истакна дека не сака да зборува за љубовниот живот.

Принтскрин Инстаграм

“Среќна сум, сакана, избегнувам да зборувам за мојот приватен живот. Зборувам за себе и моите дела зборуваат за мене. Кога нешто е уште поубаво, сите ќе знаат”, заклучи пејачката.

Принтскрин Инстаграм