Home Вести Дијаспора По делумното затворање на границите, Германија денес соопшти за кого нема да...

По делумното затворање на границите, Германија денес соопшти за кого нема да важат мерките

По поширокото распространување на британскиот сој на вирусот во западна Европа, Германија одлучи од денес да ја затвори границата со неколку земји, односно региони.

Германија денеска делумно ги затвори своите граници со Чешка, Словачка и австрискиот регион Тирол и покрај осудите од Европската унија.

Принтскрин Јутјуб

Илјадници полицајци се мобилизирани за строги контроли на границата, што потсетува на првите денови од пандемијата, кога членките на ЕУ ги затворија своите граници, јавуваат локалните медиуми.

Принтскрин Јутјуб

Според наводите на германската влада, во случајот на Чешка и Тирол, влез ќе биде дозволен за Германците, странците со живеалиште и престој во Германија, сезонски работници во земјоделството и медицински персонал.

Авиокомпаниите, железницата и автобуските компании веќе не смеат да превезуваат патници од Словачка во Германија. Исклучок се германски државјани и странци кои живеат во Германија.

Принтскрин Јутјуб

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Германија ќе може да влезат и брачните партнери, животните придружници, малолетните деца и родители на малолетни деца, но само ако тие заедно ја минуваат границата со германските роднини.

Од забраната се исклучени и возачите на камиони и друг персонал во транспортот на стоки. Треба да биде дозволен влез и од ургентни хуманитарни причини, како на пример смртен случај. Сепак, во сите случаи кои се исклучок од забраната, важат правилата за тестирање и карантин.

Европската комисија претходно апелираше до Германија да дозволи исклучоци за луѓето кои патуваат до работното место, но министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер тоа категорично го исклучи.

Тој рече дека германската влада нема само немо да посматра „како мутацијата на вирусот се префрла кај нас“. Граничните контроли се болни, но во моментов се неизбежни.

Вакви и слични мерки применуваат и други држави во Светот. Па така на пример, Австралија деновиве прогласи карантин во некои региони, како Мелбурн, најмногу поради одржување на тенискиот турнир Аустралиа опен.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн денес нареди тридневно затворање на градот Окланд поради појава на три неразјаснети случаи на ковид-19 во заедницата.

На граѓаните на најголемиот град во Нов Зеланд, со 1,7 милиони жители, им е наредено да останат дома од полноќ, кога започнува карантинот на трето ниво кога се затвораат училиштата и бизнисите, освен основните услуги.

Ардерн рече дека затворањето е воведено зашто „тоа може да биде еден од побрзо преносливите соеви на ковид, за кои што мора да дејствуваме со висок степен на претпазливост“.

Премиерката ја објави мерката по итен состанок со други врвни владини претставници. Таа рече дека решиле да пристапат претпазливо додека не дознаат повеќе за епидемијата.

Мајка, татко и ќерка од Окланд биле заразени. Официјални лица изјавиле дека мајката работи во компанија за перење во авиокомпанија и истражуваат дали има врска со заразени патници. Жената не се качила во авион.

Ова затворање е прво во последните шест месеци и претставува значителен неуспех во успешните напори на државата да го контролира вирусот.

Нов Зеланд, со население од 5 милиони луѓе, пријавил вкупно нешто повеќе од 2.300 заразени и 25 починати од почетокот на пандемијата.