Home Вести Македонија По реакциите на Апасиев, Рашела објасни зошто го поддржуваат законот за Лични...

По реакциите на Апасиев, Рашела објасни зошто го поддржуваат законот за Лични карти

По последните вонредни парламентарни избори, иако Левица освои значителен број гласови, тие заедно со ВМРО-ДПМНЕ, заличуваа на здружена опозиција, која се обидува да ја промени политичката слика во држацата и да ја собори владеачката гарнитура.

Но по последните анкети, на кои беше забележителен скокот на рејтингот на лидерот на Левица Димитар Апасиев, за сметка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, работите како да се сменија.

Најпрво на социјалните мрежи се „закачија“ поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и пратениците од Левица Борислав Крмов и Димитар Апасиев. Јанушев ги обвини дека му прават кворум на СДСМ. Потоа почнаа секојдневни меѓусебни критики од двете страни.

Се чини врвот на несогласувањата и разидувањата меѓу двете партии, беше јавниот настап на Мицкоски, во кој објави дека го канел Димитар Апасиев на кафе, но овој не сакал да дојде, факт кој Мицкоски го објасни со близина на Апасиев до Заев.

Последна причина за препирки меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, беше предложениот закон за лични карти, во кој треба да стои и националност, а за што од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека ќе го поддржат.

Вчера Рашела Мизрахи на социјалните мрежи објави статус со поддршка за ваквото решение:

„Како Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија сметам дека во мојата лична карта не постои никаква пречка да стои етничка припадност!

Не гледам причина зошто тоа би им пречело на колегите Апасиев и Крмов!?“

По ова, на својот ѕод на социјалните мрежи, одговори Димитар Апасиев, кој меѓудругото напиша:

„Ај нека му објасни некој на професорон шо магистрирал, докторирал и се вработил кај татко му на Машински, дека внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа и завршна фаза од проектот за комплетна ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА на Републиката!…“

„…Со тоа, Република Македонија престанува да биде национална држава на мнозинскиот македонски народ и на малцинствата, онака како што сакале нашите основачи на АСНОМ, и станува лабава творевина – (полу)протекторат, составена од неколку етникуми!?…“

Денес Рашела Мизрахи, како што рече по рекациите, одлучила да ја објасни својота одлука, која патем е и партиски став:

„Мојата вчерашна објава предизвика бурни реакции, па по истата како човек од народот се чувствувам должна да ја објаснам сопствената логика на истата.

Имено, како што кажав за мене лично е ирелевантно и да стои и да не стои мојата етничка припадност во мојата лична карта. Името ме издава!

Но, како тргнало последниве четири години и кулминира со министерот за правда се чини дека зборот Македонија, Македонец, Македонка ќе станат анатема.

Па низ годиниве Македонец и Македонка се сведе на /// во официјалната документација. И затоа сум ЗА да стои МАКЕДОНЕЦ/МАКЕДОНКА секаде и во секој документ.

Во борба за опстанок не се важни трендови, важен е само и единствено ОПСТАНОКОТ!

Во името на Илинденците, партизаните моите предци и Асном… Македонија, Македонец, Македонка, македонско вечни!!!“