Home Вести Дијаспора Познатиот фолкер се фали од Германија: За неколку минути добив 25 илјадарки...

Познатиот фолкер се фали од Германија: За неколку минути добив 25 илјадарки бакшиш

Српскиот пејач Љуба Аличиќ, своевремено важеше за еден од најпознатите и најбарани изведувачи, не само во својата држава, туку и во регионот и дијаспората.

Принтскрин Јутјуб

Овој пејач од постарата генерација во својата кариера заработи пристојна сума на пари, па изгради и живее во луксузна вила во Шабац, која чини повеќе од половина милион евра.

Принтскрин Јутјуб

Неодамна во шоуто „Премиера“, тој покажа како изгледа неговиот скапоцен дом. Ѕидовите се црвени, а просториите се украсени со слики и позлата, што е прво што го забележувате кога ќе влезете во палатата на Љуба.

Принтскрин Јутјуб

Ниту куќите на Цеца и Брена или на Саша Поповиќ, туку се вели дека токму неговата вила е една од најлуксузните на српската естрадна фолк сцена. Сопругата на Аличиќ, Жељана призна дека е надлежна за целата златна декорација на луксузниот дом.

Принтскрин Јутјуб

Љуба важи за човек без влакна на јазикот и го кажува она што го мисли, па често знае поради тоа да биде на тапет и колегите да му замерат.

Принтскрин Јутјуб

Фолкерoт Љуба Аличиќ, не ја поштеди помладата генерација пејачи. Имено, тој истакна дека тие него не можат ништо да го научат, бидејќи не можат да донесат ниту илјада луѓе на настап.

Принтскрин Јутјуб

„Помладите пејачи нешто како демек се попаметни од нас. Тие демек ја учат постарата гарда како да работи. Страшно е тоа, но јас не ги фермам ниту еден процент.

Принтскрин Јутјуб

Јас воопшто не ги забележувам. Јас дури и не знам дека постојат. Новите пејачи, нека дојдат во дискотека и нека донесат илјада луѓе, тогаш ќе признаам дека се пејачи.

Принтскрин Јутјубв

Овие популарни пејачи не можат да донесат илјада луѓе, а камоли новите, кои излегуваат од реални шоуа и снимаат една песна – рече Аличиќ.

Принтскрин Јутјуб

Тој сега откри дека најголемиот бакшиш што го добил е 25.000 евра и дека го зел за само неколку минути.

Принтскрин Јутјуб

„Беше во Берлин, беше прослава на роденден. Газдата кој го славеше роденденот на својата ќерка ми даде 25.000 евра за само неколку минути, иако таму беа Шабан, Коњевиќ и некои други пејачи.

Принтскрин Јутјуб

Имаше банкноти од 500 евра, тој ги даваше една по друга“, рече Љуба и призна дека поради моменталната состојба со вирусот, сè застанало.

Принтскрин Јутјуб

„Сега сè е запрено, дури и прославите, одржувам контакт со колегите што е можно повеќе, некои работат, некои не ни одговараат на телефон, бегаат од мене, се кријат, го велам ова за Митар Мириќ, се плашам од вирусот веројатно, не знам“, рече Аличиќ.