Home Вести Македонија Ранко „Буба Мара“: Ретко пишувам за некого ама паднав на глава, а...

Ранко „Буба Мара“: Ретко пишувам за некого ама паднав на глава, а градоначалникот на Карпош се фалеше дека прскал некои емулзии

Денес во земјава падна првиот пообилен снег и веднаш проблеми за граѓаните поради нерасчистени улици. Проблемен е дотолку поголем, што поради ниските температури, доаѓа до подмрзнување на коловозот.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денес информираше дека општинските служби се погрижиле да ги превенираат проблемите од снегот во повисоките зони:

„Зимската служба од рано утринава распрскува емулзиона течност, за да не заледи коловозот по повисоките места во Карпош: Бардовци, Жданец, Трнодол, долж „Ловќенска” во Козле, но и во Влае (удолницата меѓу „П.Одреди” и „П.Чаулев”).

Општината ги презема сите активности за правилно справување со снегот. Покрај набавката на сол, организирани се и дежурни комунални служби, кои во случај на снег ќе ги чистат пофреквентните зони.

Во комуникација сме со УХМР и во Скопје се очекува снежна покривка од 10 сантиметри.“

Но во реалноста, очигледно дека емулзијата не профункционирала. Бројни се коментарите на неговиот статус на кој граѓани од повеќе улици праќаат фотографии на кои се гледа дека се речиси непроодни.

Сопственикот на радиото и продукцијата „Буба Мара“, Ранко Петровиќ, на својот профил, но и на статусот на градоначалникот на неговата страна на социјалните мрежи, информираше и за немил настан, судар на повеќе возила кои се излизгале но и за негов пад на коловозот:

„Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи на градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев,

кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија , за вечерва да станат опасна ледена лизгалица иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира.

Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии , го слушнавме ударот, веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии,

тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања , пробавме да дојдеме до нив ,но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм).

Не се сеќавам баш на се , но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко , Дарко итн), лесно ме освестиле,

дојдоа и други , не се сеќавам некој беа со маска, некој без маска( да се надеваме дека не си споделивме корона) и некако ме станаа и донесоа дома.

Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на наспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.

За крај да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило , другото само ќе си дојде.“