Home Живот Ребека имаше што да каже за детската серија „Зоки Поки“

Ребека имаше што да каже за детската серија „Зоки Поки“

Ребека и нејзиниот сопруг Милан Ристески се родители на три сина: Маркијан и Доротеј и Макариј кои се близнаци. Маркијан има 14 години и боледува од ретко заболување со кое Ребека, Милан и целото нивно семејство успешно се борат.

За лицата со ретки болести, и за нивниот пат, Ребека секогаш отворено зборува на Фејсбук. „Си голтам кнедли подолго време како и повеќето од вас. Оваа никако не можам да ја голтнам.

Да, знам, тешко е во овие услови да се гледаат, чуваат деца и да се работи. Гледам на вести родители се бунат и негодуваат како ќе работат ако децата им се дома.

Тешко е да се оди на работа со мало дете, а нема кој да го чува и се согласувам треба да се најде решение за тие семејства“.

Ова Реебка го напиша кога започна да се спроведува онлајн наставата.

-Очекувам имплементација и усвојување на националната стратегија за лицата со ретки болести. Очекувам почист воздух следната зима, ревидирање на Преспанскиот договор и враќање на достоинството на народот во Македонија.

Повеќе закони кои во пракса дека ќе се спроведат, подобар статус на асистентите на лицата со попреченост, поголема сплотеност на здруженијата кои ги застапуваат лицата со попреченост и подобра образовна програма за нашите деца воопшто, независно дали се со типичен или нетипичен рзвој.

Но, да напоменам дека сите планови ги правам многу спокојно и никогаш не очекувам премногу кога се работи за приватниот живот. Ставам рокови, работам и посакувам успех, но спремна сум на се“, изјави Ребека во интервју за „Точка’.

За порталот majkaidete.mk, Ребека зборуваше како се организира околу домот, наставата, децата, работата, и сека новата ситуацика ја натерала да работи повеќе професии одеднаш.

-Секој работен ден, од понеделник до петок ми почнува во 7 и 15 часот – со џогерот. Морам да го пребришам подот во целиот стан особено сега, откако го имаме новиот член во семејството кој пушта многу влакна, пред да станат децата и да почнат да трчаат низ куќа со своите боси ноџиња.

Потоа си правам кафе кое обично не го испивам или пак го пијам два саати, заборавајќи го одвреме навреме на различни места низ станот.

Претежно сум сама со тројцата, освен ако Мики не оди тој ден подоцна на работа, па во меѓувреме го носи кучето на прошетка.

Ребека секогаш отворено зборува за се што ни се случува, и сега упати кртика на сметка на авторите на серијата „Зоки Поки“, која постигна голема гледаност и популарност. Ребека отворено зборува за новата технологија и игрите кои го окупираат времето на децата.

– На прашање од наставничка што ги прави среќни и што би ги направило среќни децата,одговорот на 70% е плеј стејшн!!!??? Во прашалници. Гледам „Зоки Поки“ и таму плејстејшн!!???

Зоки Поки има и мобилен!!??? Дали сметате дека плеј стејшн е за деца од 6,7 и 8 години?! Во време на изолација поради пандемија и недостиг на другарчиња, децата се среќни и би биле среќни ако имаат плејстејшн. Жално“, рече Ребека.

Фото: Фејсбук на Ребека Јанковска- Ристески, Јутјуб принсткрин