Home Живот Се огласи и братот на Ице Атанасовски, Бранко: Со денови ги молевме...

Се огласи и братот на Ице Атанасовски, Бранко: Со денови ги молевме да го пуштат Скопје или Охрид

Упокојувањето познатиот саксофонист од Битола, Ице Атанасовски кој беше дел од групата „Модуст“ ја натажи македонската естрада и сите кои го познаваа овој музичар. Тој замина во вечноста на 43-годишна возраст.

Естрадниот менаџер Хари Сековски, кој со децении живее и работи во Швајцарија, а со кого Ице соработувал над 25 години, во телефонски разговор за ,,Фокус” вели дека не може да се совземе од лошата вест, бидеќи биле многу блиски и имале големи планови.

-Не можев да претпоставам дека вака ќе се заврши неговиот живот, на само 42 години… Се договаравме да дојдат со сопругата Гордана и синот овде, во Швајцарија, размислуваше да се преселат засекогаш.

Бев сигурен дека тоа ќе се случи, чекавме малку да се подобри состојбата со пандемијата, бидејќи и овде локалите не работат повеќе од шест месеци и се е запрено.

За него барем беше лесно, со својот музички талент и искуство, немаше да остане без работа во Швајцарија, беше докажано име на сцената помеѓу сите пејачи чии концерти ги организирав, рече Сековски за Фокус.

Вчера на социјалните мрежи се огласи сопругата на Ице, како и неговиот брат. Тие објаснија како се одвивало лекувањето на Ице, но и двајцата се огорчени на битолската болница:

„Ице Атанасовски си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замини. Ице велат почина од короната. Да, но не од болеста, туку од системската корона која владее во проклетијава.

Поч-ина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше 10 дена да откријат дека не му работи срцето 10 дена некој да венее пред нивните очи а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, можи е нешто плус…

За по 10 дена кога веќе беше пред уми рање да го пуштат Скопје и тоа БЕЗ да го најават како итен случај. Не им ги знам имињата, и не вреди да именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминале 10 доктори на визита…

Тоа е она што фали, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохир ургија Скопје кои веднаш извршија оперативен зафат на срцето дадоа се од себе еден месец, ама не издржа.

Доминантно станува збор за микотична сепса и септичен ш ок. И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите. И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме..

Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета СИСТЕМСКА НЕспособност што не е партиска, туку е НЕ човечка. Почивај во мир голем човеку. Тоа што го помина ти да не се повтори на никој“, напиша сопругата на Ице, Гордана Атанасовска на социјалните мрежи.

По неа, се огласи и неговиот брат, Бранко атанасовски:

„Мојот брат Ице Атанасовски , денес мора да го наречам покоен, а не морав. Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост.

Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив. Со денови ги молевме да го пуштат Охрид, Скопје, некаде, тие дури ни викаа навредени, дека биле способни да го лечат. А тој ден за ден пред очите ни се топеше.

Дури ни рекоа ако го земиме и не го примаат некаде, кај нив да не сме го враќале… Не можеа да му направат обично снимање на срцето 10 дена, ниту нешто што би му помогнало.

Само лежеше, едвај и да влегуваа во соба. За на крајот да го снимаат конечно, да ни кажат мора да оди итно Скопје, ама не се знае дали патот ќе го преживее…

Па зошто тогаш не се јавија кај колегите Скопје да кажат каков пациент иди? Не ни дадоа ништо, ни што примал, ни како примал, докторите Скопје мораа да почнат од почеток се пред да го оперираат. Каде им е душата и човечноста?

Брат ми издржа 5 опе рации на срце, ама штетата што беше направена Битола му го уништи организмот за да не може да закрепне од операциите. И сега?  И пак никој нема да одговара што него го снема на 43 години, оти тие беа неспособни да признаат дека НЕ се способни?

Дали некогаш нешто ќе профункционира, дали докторите на интерно ќе престанат да се однесуваат како ние да сме ништожни и безвредни?? Дали некогаш ќе почнат да го ценат човечкиот живот?“