Home Живот Се огласи сопругата на познатиот музичар Ице, кој планирал да се пресели...

Се огласи сопругата на познатиот музичар Ице, кој планирал да се пресели во Швајцарија

Веста за упокојувањето на познатиот саксофонист Ице Атанасовски доцна синоќа ја потресе јавноста. Музичарот поч-инал од последици на корона вирус, на свои 42 години, оставајќи ги зад себе малолетниот син и сопругата Гордана.

Фото: Принтскрин Јутјуб

На социјалните мрежи естрадата се простува во неверување со битолчанецот, кој 20 години беше дел од групата ,,Модус”, а потоа речиси и да немаше пејач кому не му бил придружба на настапи и на турнеји надвор од земјава.

Фото: Принтскрин Јутјуб

„Ах бе Ице Ах… Тажната вест не можеме да ја прифатиме…
Секојдневно очдкувавме да ја победиш болката и да се вратиш жив и здрав кај твоите сакани..

Фото: Принтскрин Фејсбук

Почивај во мир ти беше добар пријател другар и колега…
Секој ден твојот брат Орце ме прашаше дозна ли како е Ице?, сега што да му кажам“, напиша на социјалните мрежи Драгица Стевковска Дракче, сопруга на популарниот пејач Орце Стевковски.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Естрадниот менаџер Хари Сековски, кој со децении живее и работи во Швајцарија, а со кого Ице соработувал над 25 години, во телефонски разговор за ,,Фокус” вели дека не може да се совземе од лошата вест, бидеќи биле многу блиски и имале големи планови.

Фото: Принтскрин Јутјуб

-Голем удар е ова за цела естрада, не само во Македонија, туку и во регионот. Редовно соработувавме со Ице, сите балкански ѕвезди го бараа да ги придружува за време на турнејите во Швајцарија.

Како брат ми беше… Ќе остане запаметен не само како одличен музичар, туку пред се и како голем човек, многу го почитуваа соработниците.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Со него секогаш сме имале разбирачка, беше од тие луѓе кои си ја сакаат работата, во состојба беше и да свири дури без хонорар, уживаше да направи убава атмосфера на настапите, тоа му беше најважно – раскажува менаџерот.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Вели дека се слушнале телефонски веднаш по новата година, кога Ице му кажал дека е позитивен на вирусот. Поради тоа што се работи за млад човек, здрав, енергичен, Хари бил сигурен дека ќе се излекува.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Но, по неколку недели започнале да доаѓаат лошите вести, дека сепак Ице не е во добра состојба и здравјето му се влошило, па бил хоспитализиран.

-Не можев да претпоставам дека вака ќе се заврши неговиот живот, на само 42 години… Се договаравме да дојдат со сопругата Гордана и синот овде, во Швајцарија, размислуваше да се преселат засекогаш.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Бев сигурен дека тоа ќе се случи, чекавме малку да се подобри состојбата со пандемијата, бидејќи и овде локалите не работат повеќе од шест месеци и се е запрено.

Фото: Принтскрин Јутјуб

За него барем беше лесно, со својот музички талент и искуство, немаше да остане без работа во Швајцарија, беше докажано име на сцената помеѓу сите пејачи чии концерти ги организирав.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Тој беше дел од 50 концерти во моја организација, верувавме дека светот ќе се врати во нормала, дека ќе продолжиме да функционираме како во минатото… Ковидот го прекина во чекор, за жал – вели Сековски за Фокус.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Инаку денес на својот профил на социјалните мрежи се огласи и сопругата на Ице, која ги откри детали од изминатиот период:

Фото: Принтскрин Јутјуб

„Ице Атанасовски си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замини. Ице велат почина од короната. Да, но не од болеста, туку од системската корона која владее во проклетијава.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Поч-ина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше 10 дена да откријат дека не му работи срцето 10 дена некој да венее пред нивните очи а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, можи е нешто плус…

Фото: Принтскрин Јутјуб

За по 10 дена кога веќе беше пред уми рање да го пуштат Скопје и тоа БЕЗ да го најават како итен случај. Не им ги знам имињата, и не вреди да именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминале 10 доктори на визита…

Фото: Принтскрин Јутјуб

Тоа е она што фали, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохир ургија Скопје кои веднаш извршија оперативен зафат на срцето дадоа се од себе еден месец, ама не издржа.

Доминантно станува збор за микотична сепса и септичен ш ок. И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите. И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме..

Фото: Принтскрин Фејсбук

Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета СИСТЕМСКА НЕспособност што не е партиска, туку е НЕ човечка. Почивај во мир голем човеку. Тоа што го помина ти да не се повтори на никој“, напиша Гордана Атанасовска на социјалните мрежи.