Home Вести Дијаспора Со Германците нема шега: Познато колку ќе ве чини ако ги прекршите...

Со Германците нема шега: Познато колку ќе ве чини ако ги прекршите мерките за заштита од вирусот

Воведувањето на заштитни мерки против Ковид-19 е поврзано со широк каталог на казни во случај на нивно кршење. Во Германија тие казни можат да бидат и тоа како високи.

Во Германија мерките поврзани со корона вирусот законски се дефинирани во рамки на Законот за заштита од инфекции, а тоа е во надлежност на одделни сојузни покраини. Поради тоа не постои еден каталог на парични казни за целата земја за правилата за коронавирусот.

Кршењето на пропишаните мерки се смета за прекршок, при што е можно, во зависност од висината на казната, тоа да прерасне и на ниво на кри вично дело. На сојузно ниво не постојат само општи одредби за висината на казните туку само рамковни одредби.

Така на пример за кршење на забраната за собирање на повеќе лица од дозволеното се пропишува парична казна или зад решетки до 5 години, за кршење на забраната за контакт казната изнесува од 200 евра, а за непочитување на забраната извршување на дејност е предвидена парична казна или зад решетки до 2 години.

Досега во Германија начесто се бележи кршење на одредбата за ограничување контакт. Но, и тука кај различни сојузни покраини има големи разлики.

Секој кој ќе ја прекрши забраната за контакт во Берлин плаќа најмалку 50 евра, а во Дизелдорф 200 евра. Кој во Штутгарт се вози во автобус без маска плаќа и до 250 евра, а во Мајнц само 50 евра.

Додека сопствениците на кафулиња и ресторани кој спротивно на одредбите ќе ги отворат угостителските објекти во Келн мораат да сметаат на казна од 1.000 до 2.000 евра, во Минхен за овој прекршок мораат да платат 5.000 евра, а во Берлин казните се движат од 5.000 до 10.000 евра.

Но, оние кои некој пропис ќе прекршат повеќепати би можеле да бидат присилени на многу чувствителни издатоци – за нив казните можат да се зголемат и до 25.000 евра.

Но, колку некои градови воопшто собираат пари од казните? Ситуацијата е многу различна. Засега првак во оваа дисциплина е Штутгарт – таму досега се изречени казни во износ од 2 милиони евра, речиси четирипати повеќе од Келн, иако Келн има 400.000 жители повеќе, а сигурно неговите жители не се подисциплирани.

Второпласиран е Минхен со моментален приход од 1,8 милиони евра, па следи Хамбург со 1,3 милиони евра. Можно е, меѓутоа, тој да го престигне Минхен бидејќи градот на северот на Германија во моментот нема точни податоци за казните кои се изречени, но сѐ уште не се наплатени.

До почетокот на декември во благајната на најголемиот германски пристранишен град пристигнаа 1,3 милиони евра. Но, секој што мисли дека градовите ги полнат џебовите со парични казни поврзани со вирусот, е во заблуда.

Принтскрин Јутјуб

На пример, во 2019 година, градот Минхен собра 9,2 милиони евра казни за неправилно паркирање – петпати повеќе отколку преку казните за непочитување на мерките против вирусот, пренесува дојче веле на македонски јазик.