Home Живот Тој ме потсетува на солзи: Гоце Тодорвски жали само за една работа...

Тој ме потсетува на солзи: Гоце Тодорвски жали само за една работа во животот

Гоце Тодоровски е легендата на македонското глумиште, со многу театарски претстави, Тв улоги, хумористични скечеви зад себе. Во последно време, Гоце ретко го гледаме на ТВ, но му го слушаме гласот, затоа што надсинхронизира турски серии.

По завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар.

Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин е и во другите театарски куќи во Македонија.

Гоце има добиено награда за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Публиката од сите генарации го гледаше и во многу изданија на Македонските народни приказни.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а во една прилика сподели празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка.

Тодоровски има и син. Сашенка на својот Инстаграм профил од време на време споделува и слики со својот партнер, и се гледа дека се многу вљубени.

Но, едно нешто Гоце никогаш не може да прежали, а тоа е неговиот другар и колега Ванчо Петрушевски, кој по чина на 25 авуст во 2018 година од струен удар во неговата викендичка во скопското село Орешани.

Неговите фанови и колеги со емотивни пораки му испраќаа последен поздрав на Ванчо.

Ванчо Петрушевски, чие вистинско име е Иван, е роден на 19 април 1951 година во Скопје. Завршил Висока музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје, а во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Првата улога ја играл во „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ.

Во матичниот Драмски театар се пензионираше во 2016 година, но беше активен на сцената и последниве години. Меѓу неговите последни улоги е во претставата „Буре барут“ во режија на Сашо Миленковски.

Гоце во една прилика, во емисијата „Еден на еден“ со Жаре зборуваше за својот другар и за сето она што Ванчо го направил за него.

-Ванчо е виновникот затоа што јас станав актер. Тој студираше прва година во Софија, ио бевме на одмор во Бугарија, во Бургас, и тој имаше некоја книга од бугарски автор, и на враќање цариникот го праша: Што ти е ова?

Тој одговори: Литература. За што? Затоа што јас студирам во Софија, глума. А така ли, рече цариникот. Ни ги зема нашите три пасоши, четворица бевме, рите ги врати, а неговиот не го врати.

И после четири години му го вратија пасошот, а тој мораше да запише втора година глума во Бугарија. А јас веќе бев втора година на Градежен факултет, и требаше да бидам инжинер, по волја на татко ми зашто беше воено лице и не смеевме да го одбиеме.

Инаку, веднаш пук аше. Ама, бидејќи бевме другари од 1962 година, заедно запишавме петто одделение, и уште од тие детски денови ние правевме скечеви разни.

На родителски состанови имавме храброст толку да настапиме со скечеви пред родителите. И така да, заедно бевме 54 години. Јас на комеморацијата баш дека повеќе бев со него отколу со самиот себе.

Заедно спиевме, повеќе спиев со него отколку што спиев со жена ми. Додуша, во различни кревети.

Прво кога ќе ми го спомнат Вано, ми текнува на солзи. И е, и уште ќе остане во нашите сеќавања, јас мислам бар едно петстони години.

Зедно снимивме околу 600 македонски приказни, таква серија не е снимена досега ни во Индија, ни во целиот свет, па дури ни во Индија“, изјави тогаш Гоце за својот Ванчо.