Home Живот Убаво ми е, тоа се гледа: Каролина е сонот на Михаил Корубин

Убаво ми е, тоа се гледа: Каролина е сонот на Михаил Корубин

Каролина Гочева, една од нашите најголеми музички ѕвезди не сака многу да зборува за својот приватен живот во јавноста. Таа во 2017 година се омажи за познатиот уметник Михаил Корубин, а свадбата беше организирана на уникатна локација- Аеродромот Стенковец.

– Не е точно дека сум криела, за мене секогаш сè се знаело, се знаеле основните работи кои не можеш да ги сокриеш, односно немаш причина да ги сокриеш од јавноста. Сум прочитала многу лаги, нешто што нема врска со вистината.

Но, сум го сфатила тоа како составен дел од мојата работа, и со тек на време веќе и престана да ми пречи“, рече Каролина Гочева во едно интервју за 1ТВ.

Потоа новинарката ја праша каква домаќинка е, дали пере, чисти, пегла, а таа одговори:

– Сите тие работи на нас ни се секојдневие. Знам да потфатам по дома, имам помош, меѓутоа сакам да потфатам, во последно време сакам да готвам, немам специјалитет, не сум до толку усовршена, меѓутоа сакам да експериментирам. Правам некои работи кои што ги правам добро, неколку врсти тестенини..

На прашањето, кое јадење на Михаил најмногу му се допаѓа кое таа го готви, Каролина рече дека сè му се допаѓа, мора да му се допаѓа. Потоа зборуваше како функционираат заедно двајца уметници.

– Уште кога се запознавме, многу фино функциониравме во тој поглед, затоа што и двајцата имаме флексибилно работно време, значи можеме самите да си одредиме кога сме на одмор, кога работиме.

Јас со сопругот кога сме зафатени, сме зафатени 24/7, меѓутоа кога сме слободни можеме како сакаме да си го испланираме времето, така да во тој поглед функционираме одлично, супер е што така сме се поклопиле. Ние баш убаво се надополнуваме еден со друг, се советуваме…

Каролина во истото интервју раскажа како ѝ поминува еден ден и што ја прави среќна. Ја прави среќна секој утрински повик на нејзините внуки, прво ѝ се јавува помалата внука Инес, па потоа ѝ се јавува поголемата внука Луција, и дека пријателите се многу важен дел од нејзиниот живот.

Каролина во едно интервју изјави дека на својот Инстаграм профил споделува повеќе професионални фотографии, фотосесии, а помалку приватни работи затоа што така се чувствува поубаво.

„Не дека сметам дека е лошо кога некој тоа го прави, ама така ми е поубаво, така мене ми одговара“, ѝ одговори Каролина на Тијана Дапчевиќ во шоуто кое таа го водеше, „Вечер со Тијана“.

– Среќна си, и тоа се гледа. Светиш како лампион“, ѝ рече Тијана на Каролина за нејзината брачна среќа и љубов кон Михаил. „Убаво ми е, и тоа се гледа“, одговори Каролина.

Михаил Корубин е автор на каверот за албумот на Каролина со наслов „Извор“, на кој македонското девојче испеа прекрасни песни, а на сликата му позора токму Каролина.

По тој повод, Михаил напиша: „Корицата на албумот, уметничко дело за оваа убава и талентирана жена, која е исто така и моја љубов“.

Каролина иако приватните моменти многу не ги споделува на Инстаграм, секогаш ја поддржува работата на Корубин, а во многу негови дела се познава дека таа е неговата инспирација. Таа во Инстаграм стори сподели дело на Михаил како поддршка, кое се вика „Соништа“.

Корубин ова дело на следниот начин го опиша кај него на Инстаграм: „Соништа“. Комбинирав нешто од старата серија и од новата, еве што излезе. Масло на платно.“, објасни уметникот.

Фото: Инстаграм на Каролина Гочева и Михаил Корубин, Јутјуб принсткрин