Home Живот Во државава треба да има само една ТВ, на што личи ова...

Во државава треба да има само една ТВ, на што личи ова што го нудат: Познатата новинарка распали по телевизиите

Македонската новинарка Валентина Ѓорѓиоска- Парго, често јавно ги критикува состојбите во нашето општество на својот Фејсбук профил.

Понесена од лична приказна за својот сосед, кој го прележал вирусот, пред еден месец таа јавно го прозва доктор Вело Маркоски.

„На еден постар пријател од маалово цело лето му велев маска да носи, пркосеше не сакаше, ме гњавеше со тези на пропаганда, глобална измама и сл. Го најдов денес, чекавме ред. Ослабен, измачен, ојаден, само носот му останал, не го познав. Маската тргната, пак исто.

Ми кажа оболел од корона. Прво бил ок, кога му се влошило имал гол-гота по медицинскиве центри, и, во недостаток на финансии останал дома да се лекува. Кога веќе било бити ил не бити.

22 дена даун, 6 дена од кревет не станал, само супи, компот, овошје, витамин це, и старински лекови греана ра-кија и сл. (цела среќа што пред ковидот пиел сумамед за нешто друго па ваљда тоа малку го спасило).

Едвај преживеал. Ја фатило жена му, асматичарка. Се треселе што ќе биде со неа. Ги фатило децата, едвај кренале кредит зошто на болница им побарале 14.000 денари за лежење на едниот. На работа што не оделе сега платите напола.

Тест пак не направил, нема пари. Ми збореше без маска цело време се тргав на страна тој по мене. Еден со кола чекаше едно време дојде и му рече да ствари маска а мене ми рече ме знаел и да сум се пазела од коронава оти му било страв мене ако ме фатело како ќе завршела.

На крај на 40минутниот муабет пријателот рече- а бе и овие претеруваат сега што кажуваат колку отишле од корона, не е тоа така, само не плашат … Па зошто го забранија Вевчански карневал не гледаш шо ни прават и сл. И пак исто пак исто.

Пошто човеков е следбеник на Вело и екипата го прашувам јавно тој доктор дали чувствува морална одговорност што вака ги (не)дисциплинира и дресира луѓево кои веруваат на неговата “страна” на негрижа и невнимание кон себе си и кон другите?“, напиша таа.

Таа сега повтпрно зборуваше отворено на Фејсбук овој пат против домашниоте телевизии:

-Водителката на тв буквално со сите се искара (само и се насмеа на некоја шо и рече убава фризура имала), ги откачи и исклучи, ги сецкаше, им се нафрлаше, им се бузеше, им реплицираше со ироничен тон, оскудни објаснувања и крајно сиромашен речник.

На крај им рече- ви благодарам на сите за коментарите, никаков сенс како се разговара со редовни јавувачи, не знам што воопшто е онаа емисија и за што и на кого му служи“, рече новинарката.

Потоа, во дрруга објава таа рече:

-Искрено, мислам дека во државава треба да има само една ТВ и со строго примање по селекција и конкурс, по критериуми за на Тв.

Сево друго е толку лоша импровизација, многу полошо од времето кога приватниве телевизии почнуваа со една камера и еден случаен човек пред екран. Нашиве телевизии немаат минимално почит кон гледачот…

Ова за гледање ли е што тие го нудат? За што плаќаме кабловска. Свртиле ли овие луѓе по странски телевизии некогаш? Повеќето телевизии требаше да донесат демократија а не ха ос. АВМУ?“

Фото: Јутјуб принстскрин, Фејсбук профил на Валентина Ѓорѓиоска- Парго