Home Естрада Анета Молика проговори за актуелната ситуација со музичарите

Анета Молика проговори за актуелната ситуација со музичарите

Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега, зборуваме за периодот пред ситуацијата со вирусот.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

Таа вели дека иако е многу тешко да се издржи овој период без нивните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

–Многу ми фали публиката нормално, на секој пејач би му фалела. Јас ова го работам од 14 години, така да, повеќе сум навикната со публиката, отколку дома.

Се надевам дека брзо ќе помине ова, не знам што друго би кажала бидејќи сите сме разочарани од ова што не снајде и не само нас, туку цел свет страда од оваа болест.

Мислам дека е време да мислиме на позитивни работи, на убави работи и да почнеме да се дружиме. Токму сега на колегите им зборував за тоа колку ми фали ова, да се собереме за снимање на Новогодишни шоуа, емисии или било што. Многу ми фали навистина и сигурна сум дека на сите им фали.-истакна Анета, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Кога станува збор за плановите во иднина, Анета вели дека не може да се планира ништо се додека не се среди состојбата во нашата земја.

Да потсетиме, Анета и група Молика во изминатите месеци доста често одржуваа онлајн концерти со цел да ја расположат јавноста во тешките моменти.

-Ако продолжи вака ситуацијата нема да имаме планови навистина. Но, ние сме секогаш позитивни со позитивни мисли и кога беше полицискиот час и карантинот ние секогаш се дружевме со публиката, односно на народот им пружевме да биде нон стоп со музика, со песни, да не мисли на лошо.

Да не седи пред телевизор и да гледа лоши работи каде што се зборува само за вирусот. Ние постојано снимавме емисии во живо, се вклучувавме во живо.

Мислам дека публиката е задоволна со тоа и се надевам дека нема да има веќе такви концерти, туку ќе бидат во живо со нашата публика.-додава познатата пејачка за гледачите на ИН ТВ.

Анета неодамна оствари соработка со хармоникашот Димитар Митровски, со кого во студиото на ИН продукција претставија заеднички кавер. Станува збор за песната “Кад уморно срце стане” од Верица Шерифовиќ.