Home Живот Благица Павловска открива што правела во изолација

Благица Павловска открива што правела во изолација

Фолкерката Благица Павловска, долги години опстојува на музичката сцена, а поради ситуацијата со вирусот, како и други музичари, така и таа остана без настапи.

Според животната филозофија на Благица, многу е важно за секој човек како созреал и каков пристап има кон нештата. Има луѓе, вели фолк-ѕвездата, што се плашат од мравка и од сето она што не е човек. Благица себеси се смета за цврста личност и за неа, оние луѓе кои имаат плашлив дух, секогаш ќе имаат проблеми.

„Човек што зад себе има големо искуство и не ги гледа работите со страв, треба да биде сигурен во себеси, и во тоа дека ништо нема појако од него самиот, изјави неодмна во едно интервју и додаде:

Ние се калиме на многу искушенија, се калиме од непријателските дејствија кои нè стрелаат од некоја причина. Јас короната ја сметам како еден вид таков вирус, што е испратен“, ни раскажа пејачката.

За време на карантинот, додека сите нејзини настапи и настапите на нејзините колеги беа откажани, таа поголемиот дел од времето го поминала дома со својот миленик. Благица е голем љубител на животни и помага секогаш кога може на бездомните животни, затоа што тоа ја прави среќна.

Периодот на изолација поради ситуацијата со вирусот Ковид-19, познатата пејачка Благица Павлоска го помина во својот дом. Убаво се одмори и заврши бројни обврски по дома, но секако дека не ја запостави и музиката. Благица промовираше две нови песна, едната на Охрид Фест, а другата на Тумба Фест во Куманово.

Легендарната фолк пејачка Благица Павловска во неодамнешно интервју за ИН ТВ раскажува како за неа поминал периодот на изолација поради коронавирусот. Таа вели дека и одговарало да биде дома, бидејќи си завршила бројни домашни обврски.

-Секако морам да дојдам да ве посетам во ИН ТВ во Охрид. Слабо доаѓав ова лето во Охрид и затоа не ме видовте и ме немаше во Охрид. Имав дома во Скопје повеќе некои обврски, нешто реновирав со оглед на ситуацијата дека бевме приморани да сме повеќе дома.

Мене ми одговараше да бидам затоа што си завршив многу нешта што сакав околу куќата.-истакна Павловска за гледачите на ИН ТВ.

Откако се одмори, Благица одлучи да настапи и на неколку фестивали. Изборот на Летен фолк хит каде што отпеа дуетска песна со нејзиниот колега Влатко Алексовски, а потоа следеше нејзиното учество на Охрид Фест-Охридски Трубадури, како и Кумановскиот фестивал на шегобијна песна Тумба Фест.За периодот кој следи најавува промоција на уште неколку убави македонски песни.

-Јас се чувствувам одлично и спремна сум за понатаму. Се чувствувам како да почнувам повторно од почеток нешто и мислам дека ќе има успех.

Иако знам некогаш да паузирам, да се повлечам и слично, меѓутоа не спијам секако имам многу песни што треба да ги работам.

Веќе на Охридски Трубадури настапив со нова песна од нови автори, песна за која мислам дека ќе има голем прием кај слушателите и гледачите, но тоа лека полека, а верувам дека и оваа песна од “Тумба Фест” ќе биде привлечна за оние кои што ја обожаваат Благица Павловска.