Home Живот За малку ќе си заминев од овој свет: Водителката од „Пинк“ се...

За малку ќе си заминев од овој свет: Водителката од „Пинк“ се отвори за тешкиот период

Водителката Деа Ѓурѓевиќ доживеа несреќа пред две години, кога автобусот и ја откина раката.

Деа на 7 фдевруари во 2019 година, стра -даше во сообраќајка која се случи во Белград, кај болницата „Драгиша Мишовиќ“.

Порталот „Србија данас“, објави дека Деа, која сега одлично закрепнува и се врати на телевизија, откри помалку познати детали.

„Моето посттрауматско стресно нарушување беше многу интензивно и затоа честопати поминував време со психијатар“, изјави Деа.

Таа се опоравуваше долго време и раскажа за сите тешкотии низ кои минуваше тогаш.

– Сега го гледам светот малку поинаку. Јас сум многу среќна што имам многу повеќе пријатели отколку што мислев и оваа несреќа ми го покажа тоа.

И сега знам како да го препознаам вистинскиот момент затоа што ја гледам секоја ситуација што ми се случува, без разлика дали е на деловно или приватно ниво, од агол дека сè може да исчезне утре и знам што вреди да исчезне, а што не – рече Деа.