Home Живот Познатиот музичар реагира: Мислите да не држите без работа до 2023?

Познатиот музичар реагира: Мислите да не држите без работа до 2023?

Музичката дејност е една од најпогодените во време на пандемијата откако почна вирусот. Многу концерти, свирки, настапи, свадби, тезги се откажани.

Во целиот овој период два пати им беа исплатени по две минимални бруто плати. Првиот пат за април и мај и уште една на крајот на годината. Сега бараат овие исплати да продолжат, бидејќи еве речиси цела години како повеќето од нив не работат.

На крајот на јануари, музичарите што членуваат во шесте музички здруженија здруженија од целата земја одржаа состанок во Охрид. Таму потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап пред државните органи и институции.

На средбата е анализиран петтиот пакет мерки на државата за финансиска поддршка, при што повторно е посочено дека музичарите заедно со угостителите се најзагрозена категорија во постојните услови на криза, со барање за нивно вклучување во петтиот пакет мерки за финансиска подршка, објави МИА тогаш.

-Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме одлуките на Владата, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција затоа што најголемиот дел на нашите членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети така што и немаат можност да работат и заработат за основните потреби.

Затоа уште еднаш апелираме до надлежното министерство и до Владата музичарите како најоштетени од корана кризата да бидат вклучени во 5-тиот пакет за финансиска помош“. стои во соопштението издадено после состанокот.

На средбата се усвоени и одлуки за проширување на законските одредби околу музичко-естрадното работење, со кои естрадните уметници би можеле да регистрираат дејност не само како ДООЕЛ, трговец-поединец или самостоен занаетчија според постојниот закон, туку и паушално да можат да ги подмируваат обврските кон државата како категорија работници без редовни и планирани приходи.

Исто така, одлучено е да се продлабочи соработката со Министерството за култура и останатите државни институции во правец на изнајдување на механизми за заштита на македонската музика и македонските музички артисти во склоп со останатите соседни држави.

По неколку најави ос страна на Владата, вчера беше потпишан договор за набавка на 200.000 дози.

Министерот за здравство најави дека по 2/500 граѓани ќе се вакцинираат дневно, од кои 1.380 ќе се вакцинираат во Скопје. Прво ќе се вакцинираат здравствените работници, а како што е објавено до сега се пријавиле околуи 4.000.

Познатиот музичар и пејач на евергрини Џон Илија Апелгрин реагираше на одлуката музичарите да не бидат во првата фаза на граѓани кои ќе имаат можност да се вакцинираат.

– Ме интересира како тоа нам музичарите ни ја забранивте дејноста и не означивте како најопасни пренесувачи на вирусот, а не сме во првата фаза за вакцина? Ако сте згрешиле, укинете ја забраната веднаш!

Мислите да не држите без работа до 2023та? Каде ви се временските рокови за секоја фаза?“, напиша Апелгрин на Фејсбук, а многу негови колеги ја споделија оваа објава.