Home Живот Шербеџија откри која Македонска песна и ја пеел на ,,увце” на Анџелина...

Шербеџија откри која Македонска песна и ја пеел на ,,увце” на Анџелина Џоли

Хрватскиот актер и пејач Раде Шербеџија, кој кој постигна Холивудска афирмација, е роден на 27 јули 1946 во српско семејство во местото Буниќ кај Титова Кореница во Хрватска.

Дипломирал во 1969 година на Академијата за театар, филм и телевизија во Загреб, а набргу потоа е ангажиран во загребачкиот драмски театар Гавела.

Потоа наизменично работи како слободен уметник, со ангажман во Хрватскиот народен театар, па повторно во „Гавели“.

Во почетокот на 70-те запазена му е улогата на комунистички активист кој е дезориентиран во приватниот живот во Црвено класје (1970) на Живоин Павловиќ, младинец од село соочен со неправда во претставата Хамлет во село Мрдуша Долна (1973) на Крсто Папиќ. Во тоа време се истакнува и во филмови кои критички ја отсликуваат југословенската современост.

Во 1992 година заминува од бившите Југословенски простори каде што и во светски рамки се пробива како одличен глумец. И покрај тоа што веќе играл во осумдесеттина филмови кои се дистрибуирани на бившите Југословенски простори, пробивот во светскиот филм го прави со филмот Војната на Хана (1988).

Во 1996 година, Раде Шербеџија го глуми таткото на бегалец во филмот Белма и новозеландски емигрант во филмот Broken English. Потоа следуваат улоги во водечките холивудски филмски остварувања во филмовите Вселенски каубојци, Невозможна мисија 2, Моќниот Џо Јанг, Снеч итн.

Раде Шербеџија во месец февруари, пред почетокот на пандемијата, беше гостин во Македонија, па неговото присуство во македонската престолнина го искористи естрадниот магазин „Бекстејџ“ за интервју со големиот актер.

Во рамки на интервјуто, холивудската екс-ЈУ ѕвезда зборуваше за својата кариера, семејството,  новиот албум кој го снимаше во студиото на браќата Тавитјан, но и за носталгијата за Југославија.

На прашањето на новинарката околу неговите деца, Шербеџија ги наведе нивните професии, ја спомена ќерката Луција која денес е талентирана позната и призната актерка во Хрватска, а малку тажно проговори и за ќерката која е сега во Белград и е вљубена.

Шербеџија на прашањето до водителката каков бил животот во поранешна Југославија, одговори:

„Ех малечка моја, само кога ти би знаела какви времиња беа тоа… Прекрасни, тоа не се опишува со зборови“… –  и се обрати Раде на новинарката на Бекстејџ.

Раде Шербеџија проговори и за својот татко и за неговата болка што татко му никогаш не сакал тој да биде актер и не се согласувал со изборот на неговата професија:

-Целиот живот размислував и се прашував зошто е тоа така. Многу пати го прашав и него, но тој не ми одговараше.

Конечно на крајот од неговиот живот ми рече. Синко, мене не ме интересира што си актер. Биди си ти актер таму за твоите обожаватели, за мене си само мое дете!

Познато е дека Раде беше голем пријател со брачниот пар Бред Пит – Анџелина Џоли, а и денес пшо нивната разделба, тој ги одржува контактите со двајцата. Но познато е дека со Анџелина, знаеле и заеднички да си потпевнуваат.

,,Со Анџелина најчесто си потпевнуваме хрватски шансони, кои попатно јас и онака и ги преведува.

Но на Анџелина многу и се допаѓа и Македонската музика, а особено сум и ја пеел песната ,,Елено ќерко, Елено”, која нависитина е прекрасна и еве сега со Влатко ја пееме, заврши големиот Раде Шербеџија.